Archive | Свет RSS feed for this section

(ВИДЕО) Почина легендарниот Принц

Легендарниот музичар Принц е најден мртов во своето студио Неговото тело било најдено во Минесота денес. Властите на Минесота потврдиле за Фокс дека одговориле на повик за медицинска помош во 9.43 наутро по американско време. Музичарот, чие што вистинско име е Роџерс Нелсон, бил хоспитализиран пред неколку дена поради симптоми на грип. На 57. годишна […]

______________________________________________________________________________________________________

Потресна исповед на девојка која е силувана од познаник од социјални мрежи

По 6 месечно познанство на социјалната мрежа „Plenty of Fish„, Кет Бери од Австралија одлучува да го покани на пијачка момчето кое виртуелно го запознала. Бери (31) и неименуваниот маж, се запознале на 17 октомври минатата година, па започнале да се допишуваат. Нивната комуникација била одлична, тој делувал како пристојни и таа одлучила да го […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео исповед на заробеничка на џихадистите: не се однесуваат како луѓе, не можете ни да замислите

Жената која седум месеци била сексуална робинка на Исламската држава, за Sky News раскажала за својата траума која никогаш нема да ја заборави. Мајката на четири деца, 25-годишната припадничка на Јазидите, рекла дека џихадистот, кај кој биле заробени, секојдневно ја тепал и злоставувал и дека била принудена да исполни сè што ќе побарал од неа. […]

______________________________________________________________________________________________________

Руски милионер се обидува да постигне бесмртност

Рускиот милионер Дмитриј Ицков се обидува да најде начин да го внесе човечкиот мозок во компјутер и така да ја открие тајната кон бесмртноста, пишува БиБиСи. Тој смета дека за 30 години тоа би било можно. 35-годишниот Дмитро решил да го напушти светот на бизнисот, за да направи нешто значајно за човештвото. Смртта е неизбежна, […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Пат во Франција два пати дневно исчезнува, па повторно се појавува

Пат во Франција кој поврзува две места е специфичен по тоа што два пати во текот на денот исчезнува под вода. По овој пат може да се возите само пред тој да биде потопен на неколку часа. Пасаж ди Гуае за прв пат се појавил во 1701 година, а околу 1840 почнал да се користи […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Еве како да заработите преку Јутјуб до 70.000 евра месечно

Креативниот дух, трудот и упорноста се рецептот за успех и заработка преку Јутјуб. Ова од искуство го тврди 25-годишната девојка Зое Сар од Брајтон, која е позната и како Зоела. Таа е најновиот пример за успех преку Јутјуб, па овие дена се најде во центарот на британската јавност бидејќи откриено е дека оваа „влогерица“ (видео блог) […]

______________________________________________________________________________________________________

10 држави кои нема да постојат во иднина, меѓу нив и светски сили

Околу десетина држави до 2115 нема веќе да постојат во ист облик како денес, пишува Ројтерс повикувајќи се на претпоставките на порталот Toptenz.net. Причина за тоа се природни катастрофи и политички последици. Како што 20-тиот век го донесе падот на Австро-Унгарија и СССР, така и наредниот век ќе донесе промени за неколку држави. Кирибати, Холандија, Белика […]

______________________________________________________________________________________________________

Девет страшни пророштва на Нострадамус кои не` очекуваат

Дали знаевте дека Нострадамус ја предвидел Нуклеарната војна? Предвидел и низа настани кои веќе се случиле. Ова се деветте негови пророштва кои се уште не се случиле, но би можеле да се случат во иднина. 1.Европа ќе падне -Кралството на стравот ќе дојде во Европа и со меч и оган ќе ги уништи нејзините градови. […]

______________________________________________________________________________________________________

Апликации кои ќе ви заштедат пари на патувањата

Бесплатни мапи Постојат многу начини да најдете мапи на интернет, но тоа значи дека ви е потребна интернет врска. Од друга страна, апликацијата “Maps.me” ќе ви овозможи да ги користите мапите офлјан, односно кога не сте поврзани на интернет. На оваа апликација ќе пронајдете и туристички атракции, локални болници, паркинзи… Евтина храна Има многу апликации […]

______________________________________________________________________________________________________

Германски разузнавачи: Исламска држава ќе напаѓа преку продавачи на плажа

Германските безбедносни служби предупредуваат дека исламски терористи маскирани како продавачи на плажа летово може да извршат напади во неколку летувалишта во јужна Европа, јави дописникот на МИА од Берлин. Според анализите кои што ги пренесуваат германските медиуми терористите се подготвени да употребат оружје и експлозиви скриени меѓу креветите и чадорите на европските плажи. Еден висок […]

______________________________________________________________________________________________________

Замина уште една актерска легенда

Дорис Робертс почина во неделата во Лос Анџелес во 91. година. Популарната американска актерка освои 4 награди Еми за улогата која ја прослави, а тоа е симпатичната мајка на Рејмонг, Мари Барон во хумористичната серија „Сите го сакаат Рејмонд“. Актерката кариерата ја почна во 1969 година, и играше во 34 филмови, како и во сериите […]

______________________________________________________________________________________________________

Паника во Кина: Деца заболуваат од рак, дишат отровни хемикалии

Кинеските власти го истражуваат случајот со околу 500 заболени ученици, вклучувајќи и некои со диајгноза рак во едно училиште изградено во близината на поранешна хемиска фабрика во источна Кина. Државната телевизија ЦЦТВ објави дека висока концентрација на некои отровни хемикалии може да се причина за лимфомите и леукемијата на овие ученици. Министерството за образование формираше […]

______________________________________________________________________________________________________

Што навистина може да се случи ако за време на лет не го исклучите мобилниот телефон?!

Сигналот кој ги емитира и прима вашиот телефон за време на лет може да ја попречи комуникацијата и на пилотите да им предизвика дополнителни проблеми, а токму поради тоа за време на летот неопходно е на телефонот да ја вклучите опцијата „режим на летање“. Проблем кој може да им предизвика пречки на останатите патници и […]

______________________________________________________________________________________________________

ЦИА инвестира во фирми за анализа на Твитер, Фејсбук и Инстаграм

Според документот до кој дојде американскиот сајт „Интерсепт“, чиј еден од основачите е близок соработник на Едвард Сноуден, новинарот Глен Гринволд, ЦИА инвестирала пари во повеќе фирми кои го анализираат Твитер и Инстаграм. Гринволд, кој во 2014 доби Пулицерова награда за улогата која ја имал во откривањето на податоците на Сноуден за прислушувањето што го […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Милионер се откажал од богатството за да живее со жена од село

Љубовната приказна на кинеската двојка Јао Наншан и Лиу Лијиан наликува на оние од бајките. Милионерот Јао, кој до октомври минатата година живеел во Шпанија, се одрекол од богатството и животот во Европа и се преселил во селото Џејанг во Кина, за остатокот од својот живот да го помине со жената на својот живот, Лиу. […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Автобус експлодираше во центарот на Истанбул

Автобус експлодираше во центарот на Истанбул, во близина на комплексот Топкапи, објави весникот „Дејли Сабах“. Весникот наведува дека при експлозијата нема жртви, додавајќи дека станувало збор за неисправен автобус кој се движел кон сервис поради поправка. Засега нема официјална потврда за причините за инцидентот, но според „Дејли Сабах“, експлозијата најверојатно настанала во неисправниот мотор на […]

______________________________________________________________________________________________________

Дрон удри во авион на „Бритиш Ервејз“ при слетување во Лондон

Еден дрон погодил авион на британската авионска компанија „Бритиш Ервејз„ додека се спуштал на аеродромот Хитроу во Лондон, соопшти Метрополитен полицијата. Авионот „Ербас-А320“, кој летал на линијата од Женева за Лондон, со 132 патници и петмина членови на екипажот, безбедно се спуштил на аеродромот. По слетувањето, пилотот на „Ербасот“ го пријавил инцидентот, објаснувајќи дека „некаков […]

______________________________________________________________________________________________________

ИД можно е да нападне за 1 мај – еве каде

Терористичката група Исламска држава можно е да изврши самоубиствени напади во Турција на 1 мај, предупредуваат разузнавачки извори цитирани од турската телевизија Си-Ен-Ен Турк. Главната дирекција на турската полиција испратила соодветни предупредувања до полициските оддели во сите турски окрузи. Според информациите на медиумот, ИД планираат напади во места на кои ќе се одржат големи демонстрации […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1