14/11/2015 19:17
•
Posted by: MK News
За овие лица се уште нема никаква информација а биле на местата на терористичките напади во Париз. Семејствата во паника бараат било каква информација и на социјалните мрежи. На Твитер под хаштагот #RechercheBataclan се објавуваат фотографии и информации за лица за кои нема информации дали го преживеале нападот во Париз. ЕВЕ НЕКОИ ОД НИВ.
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 18:51
•
Posted by: MK News
Тројца жители на бриселскиот кварт Моленбек учествувале во синоќешните напади во Париз, објави белгиската интернет страница „Дерниер јор“. Медиумите во Белгија денеска попладне соопштија дека во Моленбек полицијата врши претреси. Во попладневните часови француските медиуми објавија сведоштва, според кои еден од автомобилите на напаѓачите во Париз бил со белгиска регистарска таблица. Според медиумите, во автомобил […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 17:48
•
Posted by: MK News
Економското училиште од Лондон на својот профил на Твитер изрази жалење поради смртта на својот ученик Валентин Рибет кои е еден од жртвите во Париз. Decenas de familiares buscan en internet a desaperecidos q estaban en #bataclan. Valentin Ribet es 1 de ellos #Paris pic.twitter.com/kau81GLzHT — Francisco Guaita (@Guaitafran) November 14, 2015 Тој загинал во […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 17:37
•
Posted by: MK News
Француски брз воз ТЖВ излетал од шини и паднал во канал, по што се запалил во близина на Стразбур. Спасувачките екипи пристигнале на местото, каде засега има петмина загинати и судумина повредени. Според локалните медиуми, возот не превезувал патници. Државната служба СНЦФ потврди дека се случила несреќата, но не даде повеќе детали. Дел од медиумите […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 17:25
•
Posted by: MK News
Сирискиот државјанин кој учествуваше во вчерашниот терористички напад во Париз го минал “Балканскиот коридор“ заедно со стотиците илјади бегалци од неговата држава. Тој најверојатно минал низ нашата држава и низ Србија, а потоа преку Хрватска, Словенија,Австрија и Германија стигнал во Франција. Ова го потврди и грчкиот министер за јавен ред Никос Тоскас кој изјави дека […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 17:20
•
Posted by: MK News
Еден Французин, роден во париско предградие е идентификуван преку отпечатоци од прсти, како напаѓач во концертната хала Батаклан, потврди полицијата, а медиумите јавуваат за уште една идентификација на момче на 15-годишна возраст како напаѓач во вчерашниот терористички акт во главниот град на Франција. Во медиумите излегоа и информации за националноста на жртвите, од кои најголем […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 17:10
•
Posted by: MK News
Француската полиција објави потерница по црно возило марка „сеат. Со странски регистерски таблички, за кое се верува дека е поврзано со вчерашните терористички напади во Париз. Би -би -си пренесува дека возилото имало таблички GUT 18053 и метални раткапни, додека француските медиуми објавија дека кај еден од напаѓачите кај фудбалскиот стадион е пронајден сириски пасош. […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 16:26
•
Posted by: MK News
Холандија ја зајакна безбедноста на границите и аеродромите по терористичките напади во Париз, изјави денеска премиерот Марк Руте. Тој додаде дека Холандија е „во војна со Исламска држава“, која презеде одговорност за синоќешните напади во Париз. Руте на прес-конференција истакна дека целиот сообраќај кон и од Франција и Париз ќе се следи внимателно, вклучувајќи ги […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 15:31
•
Posted by: MK News
Еден од заложниците имал неверојатна среќа да го преживее нападот. Од куршумот го спасил мобилниот телефон. Тој во моментот на нападот шетал на улица и разговарал на мобилниот телефон, кога се околу него експолодирало. “Телефонот го прими куршумот и ме спаси. Да не се случеше тоа, мојата глава ќе беше разнесена на парчиња“, кажува Парижанецот […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 15:25
•
Posted by: MK News
Еден од заложниците кој успеал да се спаси посведочи пред телевизиските камери. -Не беа маскирани. Видов еден од нив кој немаше повеќе од 20-25 години. Носеше калашников и пукаше. Беа многу смирени и пукаа во луѓето кои мислејќи дека е бомба лежеа на земјата и си ги криеа главите. Над мене имаше луѓе, така преживеав. […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 14:02
•
Posted by: MK News
Германските медиуми денеска соопштуваат дека полицијата во четвртокот уапсила едно лице, по потекло од Црна Гора, за кое постои сомнение дека бил поврзан извршителите на терористичките напади и оти има индиции дека бил на пат кон Париз. Тоа дека уапсениот бил на пат кон Париз, надлежните баварски власти не сакале и официјално да го потврдат, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 13:57
•
Posted by: MK News
Фејсбук покрена можност за проверка на безбедноста на жителите во загрозените делови на Париз, откако корисниците на Твитер ги повикаа граѓаните да пружат засолниште секому во неволја, користејќи го хаштагот „PorteOuverte“ (Отворена врата). Фејсбук ја активирал опцијата „чек-ин“ за жителите на Париз, па корисниците во француската престолнина испраќаат известувања преку Фејсбук на мобилните телефони за […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 13:49
•
Posted by: MK News
Даниел Псени, чив стан има поглед на Батаклан снимил стравични сцени како луѓето висат од прозор обидувајќи се да побегнат. Псени кој бил ранет во раката додека додека на преплашените луѓе им ја отварал врата од својата зграда како би им помогнал, го раскажал целото случување за францускиот El Monde. – Бев во својот стан кога […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 13:39
•
Posted by: MK News
Претседателот на Сирија Башар ал Асад изрази денеска сочуство на француските пратеници поради терористичките напади во париз, укажувајќи дека истото се случува во Сирија веќе пет години. – Во Франција вчера се случи она што во Сирија се случува веќе пет години, изјави Асад на средбата со француските парламентарци во Сирија, во рамки на која […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 13:36
•
Posted by: MK News
Француската влада е во постојана заседа откако се случи нападот, на улиците има околу 30.000 полицајци, а се наведува дека терористите се од Франција. Во еден од најтешките терористички напади на европско тло, втор по ред напад оваа година во Франција, нападнати се ресторани, кафичи, нациолниот стадион и концертна сала. Полицијата соопшти дека само 100 […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 13:27
•
Posted by: MK News
Во нападите се убиени осуммина терористи, од кои седуммина извршиле самоубиствени напади со активирање експлозив ткн „самоубиствени појаси“.. Четворица од нив биле во концертната сала, тројца кај стадионот и еден на булеварот Волтер. Речиси сите места на нападите се наоѓаат на десниот брег од реката Сена. Засега се познати терористичките чинови во концертната сала „Bataklan“, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 13:22
•
Posted by: MK News
Членовите на американскиот хеви метал бенд „Eagles of Death Metal“ успеале да избегаат од концертната сала во Париз, каде што имаа концерт и каде што се случи масакрот. Во хаосот што се случи, во текот на нападот не беше јасно што се случува со членовите на бендот и техничката екипа. На Фејсбук страната на бендот доцна […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2015 13:18
•
Posted by: MK News
Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за терористичките напади во Париз. Во официјалното соопштение на исламистичката група се наведува дека борците од ИД, со појаси со експлозив и вооружени со автоматско оружје, ги извеле нападите на неколку локации во центарот на Париз. Нападите биле внимателно планирани. Цел на нападите, според ИД, била на Франција да […]
______________________________________________________________________________________________________