Archive | Свет RSS feed for this section

Во Чешка попладнево започнаа парламентарните избори

Во Чешка денеска во 14 часот започнаа изборите за Домот на пратениците, каде што ќе се одлучува не само за составот на Долниот дом на чешкиот Парламент, туку и за тоа која од 26-те партии и коалиции ќе може да биде претставена во идната влада, објави Чешкото радио. За 200-те пратенички места во парламентот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Цените на нафтата се на најниско ниво во последните четири месеци

Поради загриженост од прекумерна понуда, цените на нафтата денеска паднаа четврти пат по ред, на најниско ниво во последните четири месеци, и тоа Брент на 64,6 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) на околу 61 долар за барел. Се очекува дека Организацијата на земјите извознички нафта ОПЕК+ би можела да […]

______________________________________________________________________________________________________

СЗО: Околу 42.000 повредени во Појасот Газа имаат некаков инвалидитет

Речиси 42.000 луѓе во Појасот Газа, од кои една четвртина се деца, страдаат од некаков инвалидитет поради повреди и тоа ќе бара лекување со години, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во новиот извештај, организацијата наведува дека една четвртина од 167.376 повредени лица регистрирани од октомври 2023 година имаат трајни трауми. Меѓу нив, повеќе од […]

______________________________________________________________________________________________________

РАКОТ НА ДОЈКА НЕ ПОЗНАВА ВОЗРАСТ

Бројот на жени погодени од рак на дојка во Албанија бележи постојан раст, но болеста ги напаѓа и мажите. За 2024 година, кај жените се дијагностицирани 805 нови случаи на рак на дојка, но регистрирани се и 10 мажи. — Ракот на дојка не познава возраст, не познава пол. Ги погодува жените, но ги погодува […]

______________________________________________________________________________________________________

КИЕВ ВО ПЛАМЕН – Масовен руски напад, ПОЛСКА ГИ КРЕНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ

Русија изведе масовен ракетен и дронски напад врз Киев и повеќе украински градови во текот на ноќта, користејќи тешки бомбардери. Воздушна тревога беше прогласена низ целата земја, вклучително и во региони далеку од фронтот. Поради нападите, Полска ги активираше своите борбени авиони за да го обезбеди својот воздушен простор. Стотици беспилотни летала и проектили уништуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Молдавија се одржуваат парламентарни избори

Почна гласањето на парламентарните избори во Молдавија, кои се сметаат за пресвртница за поранешната советска република, која сега е земја кандидат за членство во Европската Унија. Отворени се вкупно 2.274 гласачки места, вклучувајќи 301 во странство во 41 земја, објавија локалните медиуми. Дванаесет од гласачките места се во Приднестровје, сепаратистички проруски регион кој прогласи меѓународно […]

______________________________________________________________________________________________________

НАТО И ВОЕНО И НЕВОЕНО ЌЕ СЕ БРАНИ И ЌЕ Ѝ ОДГОВОРИ НА РУСИЈА

Северноатлантскиот совет во рок од 2 недели 2 пати одржува консултации по Член 4 од Договорот за НАТО. Претходно одржа консултации по нарушување на полскиот воздушен простор од страна на беспилотни летала. Според Алијансата, регистрирани се нарушувања и на воздушниот простор на Естонија, Финска, Летонија, Литванија, Норвешка и на Романија, што, според сојузниците, „укажува на […]

______________________________________________________________________________________________________

ТРАМП И КЕНЕДИ ВО АКЦИЈА ПРОТИВ ПАРАЦЕТАМОЛОТ

Светската здравствена организација (СЗО) реагираше изјвите на американскиот претседател Доналд Трамп кој синоќа на прес-конференција во Белата куќа го поврза аутизмот со употребата на вакцини кај деца и со популарниот аналгетик Тајленол (парацетамол) кај бремените жени. Според СЗО нема конзистентни докази дека постои врска меѓу употребата на употребата на парацетамол за време на бременост и […]

______________________________________________________________________________________________________

Илон Маск не е повеќе најбогатиот човек на светот

Акциите на „Оракл“ скокнаа за речиси 28 проценти во тргувањето по работното време поради порастот на фјучерс договорите за вештачка интелигенција, со што основачот Лари Елисон го надмина Илон Маск и стана најбогатиот човек во светот, објави „Фајненшл тајмс“. Пазарната вредност на компанијата се зголеми за дури 135 милијарди долари откако „Оракл“ ги објави резултатите […]

______________________________________________________________________________________________________

Израел го нападна Катар, убиен е главниот преговарач на Хамас

Неколку есплозии одекнаа во Доха, Катар. Густ чад се гледаше над катарската населба во главниот град на Катар. Жител на Доха за „Ал Арабија на англиски (Al Arabiya Englis)“ изјави дека слушнал најмалку пет експлозии. Експлозиите во катарската престолнина Доха се последица на израелски напад насочен кон високи функционери на Хамас. Според првичните информации до […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Трамп го сопрел состанокот по 40 минути да му се јави на Путин

Трамп ја прекинал средбата со европските лидери за да разговара со Путин. Кремљ потврди дека разговорот, кој траел околу 40 минути, бил инициран од Трамп. Јуриј Ушаков, главниот преговарач на Путин, потврди дека Трамп го известил Путин за разговорот во Белата куќа. – Се разговараше за идејата да се разгледа можноста за подигнување на нивото […]

______________________________________________________________________________________________________

ТРАМП: МУ СЕ ЈАВИВ НА ПУТИН И ПОДГОТВУВАМ СРЕДБА СО ЗЕЛЕНСКИ

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал по телефон со рускиот претседател Владимир Путин и дека започнал со закажување средба меѓу него и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Му се јавив на претседателот Путин и започнав со подготовките за средба, на локација што ќе се утврди дополнително, меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски“, рече Трамп во […]

______________________________________________________________________________________________________

Доларот паѓа втора недела по ред

На глобалните девизни пазари, доларот ослабе во однос на главните валути минатата недела, бидејќи најновиот извештај за инфлацијата во САД ги поддржа очекувањата дека Федералните резерви ќе ги намалат каматните стапки за прв пат оваа година во септември, што значи дека приносот на доларот е помал од другите глобални валути. Индексот на доларот, кој ја […]

______________________________________________________________________________________________________

„Њујорк тајмс“: Европските лидери поканети на средбата на Трамп и Зеленски во Белата куќа

Европските лидери се поканети да присуствуваат на средбата што ќе се одржи в понеделник во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на високи европски официјални претставници. Средбата меѓу Трамп и Зеленски ќе се одржи еден ден по Самитот на американскиот претседател со рускиот […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕУ: Украина има право сама да одлучува за својата судбина

Лидерите на Европската Унија (ЕУ) во вторник (12 август) изјавија дека „Украина има природно право да ја избере својата судбина“. Ставот на европскиот блок доаѓа три дена пред средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот руски колега Владимир Путин за да разговараат за прекинување на руската инвазија на Украина, која започна во 2022 година. […]

______________________________________________________________________________________________________

Избран новиот папа – американскиот кардинал Роберт Превост

Новиот папа е Роберт Френсис Превост, поранешен американски кардинал. Неговото папско име е Лав XIV. Папата Лав XIV им се обрати на собраните и рече дека Црквата мора да гради мостови и единство. Со бел чад над Систинската капела и со ѕвонењето на камбаните на базиликата „Свети Петар“ во четврток попладне, граѓаните на Рим и […]

______________________________________________________________________________________________________

Папата Франциск „добро реагира“ на болничкото лекување, соопшти Ватикан

Клиничката состојба на папата Франциск во последните неколку дена останува стабилна и тој добро реагира на терапиите, соопшти вечерва Ватикан во редовниот билтен за здравјето на понтифот. Во соопштението се вели дека папата покажал „постепено, мало подобрување“ во последните денови. Лекарите информирале дека папата Франциск е во стабилна состојба, без треска и добро ниво на […]

______________________________________________________________________________________________________

(ВИДЕО) Трамп го направи лом Зеленски – Се коцкаш со Трета светска војна, спомна и „глупав“ претседател

Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа по тензичниот состанок со Доналд Трамп и Џеј-Ди Венс, кои жестоко го нападнаа. Од Белата куќа соопштија дека е откажана планираната прес-конференција на Трамп и Зеленски, на која требаше да се потпише договор за ретки минерали. Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на украинскиот претседател дека се коцка со […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1