Archive | Свет RSS feed for this section

Турски танкер нападнат со дронови во близина на Босфор

Танкер за сурова нафта во сопственост на компанија од Истанбул бил цел на напад со морски и воздушен дрон рано утрово во водите на Црното Море. Инцидентот се случил на околу 14 наутички милји од Босфорот, при што бродот претрпел сериозни оштетувања. Според информациите објавени во турските медиуми, танкерот „Алтура“ на компанијата „Пергамон Шипинг“ превезувал […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина Чак Норис

Светот се простува од легендарниот актер и боречки уметник Чак Норис, кој почина на 86-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство преку објава на Инстаграм, наведувајќи дека тој починал на 19 март. Во соопштението, семејството истакна дека Норис заминал мирно, опкружен со најблиските, додавајќи дека засега нема да ги открива околностите за […]

______________________________________________________________________________________________________

Меѓународна агенција (ИЕА): Доаѓа енергетска криза – секој што може нека работи од дома

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) излезе со серија конкретни предлози насочени кон владите, компаниите и домаќинствата, со цел да се ублажи огромниот притисок врз цените на нафтата. Овој чекор, како што пренесува Ројтерс, доаѓа како директен одговор на енергетската криза и глобалните стравувања од инфлација предизвикани од војната меѓу САД и Израел со Иран. За […]

______________________________________________________________________________________________________

НЕ САКАМЕ ДА СМЕ АМЕРИКАНЦИ- Гренланд се спротивстави на Трамп

Политичките партии во Гренланд демонстрираа единство како одговор на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со статусот на данската автономна територија, објави агенцијата ДПА. „Не сакаме да бидеме Американци, не сакаме да бидеме Данци – сакаме да бидеме Гренландци“, се наведува во заедничката изјава потпишана од сите пет партии застапени во локалниот парламент […]

______________________________________________________________________________________________________

УАПСЕН СОПСТВЕНИКОТ НА БАРОТ – Нови детали за трагедијата во Кран-Монтана

Сопственикот на барот „Le Constellation“ во швајцарскиот алпски скијачки центар Кран-Монтана, Жак Морети, е уапсен под сомнение дека постои ризик од бегство. Неговото апсење уследи по повеќедневна истрага за една од најтешките трагедии во поновата швајцарска историја, во која на новогодишната ноќ загинаа најмалку 40 лица, а 119 беа повредени. Во исто време, за првпат […]

______________________________________________________________________________________________________

Трамп: САД ќе управуваат со Венецуела додека не се обезбеди „безбедна транзиција“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја водат Венецуела по апсењето на лидерот Николас Мадуро. „Ќе ја водиме земјата сè додека нема безбедна, правилна и разумна транзиција на власта. Не сакаме некој друг да се вмеша и да ја има истата ситуација што ја имаме со години. Затоа ние ќе ја водиме земјата“, рече […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожарот во барот во Кран Монтана започнал од прскалки на шампањ

Јавната обвинителка на кантонот Вале, Беатрис Пилу, изјави дека обвинителството интензивно работи на утврдување на околностите на трагедијата. „Според досегашните информации, пожарот веројатно започнал од прскалки, или факели, кои биле поставени на шишиња шампањ. Тие биле донесени блиску до таванот, по што се случил таканаречен блесок и пожарот се проширил екстремно брзо“, рече Пилу. Таа […]

______________________________________________________________________________________________________

119 повредени во пожарот во Швајцарија: Меѓу нив 71 Швајцарец, 4 Срби, 1 Босанец

Шефот на полицијата Фредерик Гислер изјави дека од несреќата, кантоналната полиција на Вале интензивно работи на обезбедување легитимни одговори на многуте прашања поврзани со катастрофата. Тој изјави дека вкупно 119 лица се повредени, од кои 113 веќе се формално идентификувани Меѓу повредените има 71 швајцарски државјанин, 14 француски, 11 италијански, четворица српски државјани, еден државјанин […]

______________________________________________________________________________________________________

Зеленски утре во Лондон на разговори со Стармер, Макрон и Мерц за мировниот план на САД

Претседателот на Украина Володимир Зеленски утре ќе отпатува во Лондон, каде ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер, претседателот на Франција Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, за разговори околу американскиот мировен план за Украина. Стармер на средбата со лидерите од Украина, Франција и Германија ќе разговара за продолжувањето на преговорите меѓу американските […]

______________________________________________________________________________________________________

ПЛАНОТ ОД 28 ТОЧКИ СВЕДЕН НА 19 – можен состанок Зеленски и Трамп оваа недела

Високи извори потврдуваат дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот лидер Доналд Трамп би можеле да се сретнат во Белата куќа уште оваа недела. Средбата, како што пренесуваат западни медиуми, има за цел да го финализира ревидираниот мировен план за Украина, кој доживеа сериозни измени — од 28 на 19 точки. Првичната верзија, изработена од […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ЌЕ БИДЕ ГЛАВНА И НА ЕВРОПСКИТЕ РАЗУЗНАВАЧИ

Европската комисија почна да формира ново разузнавачко тело под водство на претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид за поуспешно користење на информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Единицата што ќе се формира во рамките на генералниот секретаријат на Комисијата планира да вработи службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ. Единицата […]

______________________________________________________________________________________________________

ЧАРЛС ПРЕСЕЧЕ: Принцот Ендру остана без титули и исфрлен од палатата

Кралот на Велика Британија, Чарлс Трети, на својот помлад брат, принцот Ендру, му ги одзеде сите титули и почесни одликувања и му наложи иселување од резиденцијата, соопшти денеска Бакингемската палата. Во соопштението се наведува дека на принцот формално му е врачено барање да го предаде закупот на вилата Ројал Лоџ и дека ќе биде преместен […]

______________________________________________________________________________________________________

УШТЕ ПЕТМИНА УАПСЕНИ ЗА ГРАБЕЖОТ ВО ЛУВР

Уште пет лица се уапсени во рамките на истрагата за спектакуларниот грабеж во парискиот музеј Лувр, што се случи на 19 октомври. Апсењата се извршени на различни локации во и околу Париз, вклучувајќи го и квартот Сен-Дени. Обвинителката Лаура Бекуо потврди дека кај еден од уапсените се пронајдени ДНК-траги кои го поврзуваат со местото на […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕУ  воведе нов систем за контрола – можен застој на граничните премини

ЕУ  воведе нов систем за контрола на граничните премини за граѓаните на земјите надвор од Шенген зоната,. Тоа значи  дека  по Балканот  би можело да предизвика застој на границите со Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, Бугарија, Грција Италија. Ова го означува почетокот на Системот за влез/излез (EES) на Европската Унија, кој дигитално ги евидентира податоците […]

______________________________________________________________________________________________________

700.000 ПАЛЕСТИНЦИ СЕ ВРАТИЛЕ ВО ГАЗА

Повеќе од 700.000 лица се вратиле во градот Газа откако првата фаза на прекинот на огнот стапи во сила, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас. – Повеќе од половина милион лица се вратиле во Газа Сити од вчера – изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната одбрана, службата за […]

______________________________________________________________________________________________________

Гутереш ги повика Хамас и Израел да го прекинат страдањето на сите

„Ставете крај на непријателствата во Газа, Израел и регионот веднаш“, рече Гутереш во денешното соопштение. Тој рече дека најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп нуди можност за ставање крај на конфликтот.  „По две години траума, мора да избереме надеж. Сега“, додаде тој. Медијаторите од вчера се на средби со претставниците на исламистичкото движење Хамас […]

______________________________________________________________________________________________________

Францускиот премиер Лекорну поднесе оставка по неполн месец од стапување на функцијата

Лекорну ја поднесе својата оставка до претседателот Емануел Макрон, кој ја прифати. Речиси четири недели по неговото назначување, Лекорну дури синоќа ја објави распределбата на клучните министерства, но лидерот на конзервативните републиканци, Бруно Рејто, го изрази своето незадоволство од составот на новиот кабинет и свика кризен состанок за денеска, пренесува германската агенција ДПА. Како резултат […]

______________________________________________________________________________________________________

Алпинист загина на Монт Еверест, стотици се исчезнати во снежно невреме

Алпинист на 41 година, починал од хипотермија и акутна висинска болест, објави државната новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на локалните власти. Досега, 137 алпинисти заробени од континуирани снежни врнежи во северозападната покраина Квингај се преместени и се во стабилна состојба. Државната телевизија CCTV соопшти дека 350 лица се спасени, додека 200 сè уште се водат […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1