Archive | Свет RSS feed for this section

Путин најави „специјална операција“ во Донбас

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека и наредил на руската војска да спроведе специјална операција во Донбас, откако лидерите на отцепените републики побарале од Москва воена помош против, како што тврдат, зголемување на „украинската агресија“. Воената операција доаѓа неколку дена откако Москва ја призна независноста на отцепените републики Доњецк и Луганск во Донбас, тврдејќи дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Украинскиот воздушен простор е затворен за цивилни авиони поради потенцијална опасност

Воздушниот простор низ цела Украина е ограничен за цивилни летови, се вели во известувањето до авијатичарите (НОТАМ) дистрибуирано од владините агенции и аеродромските оператори. Де-факто затворањето на воздушниот простор стапи на сила во четвртокот во 01:56 часот по локално време и ќе трае до 23:59 истиот ден. Во известувањето се наведува „потенцијална опасност за цивилната […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕУ воведе прв пакет санкции кон Русија

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска постигнаа политички договор за првиот пакет санкции против Русија, „што ќе биде многу болно за неа“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. „Овие санкции ќе бидат многу болни за Русија“, рече Борел по вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ […]

______________________________________________________________________________________________________

Од 1 март промена на правилата за патување во ЕУ од трети земји

Советот на ЕУ денеска усвои ажурирана препорака за привремени ограничувања за патувања кои не се клучни во ЕУ и ќе важат од 1 март.Како што се истакнува, ќе се применуваат ограничувања поради Ковид во согласност со состојбата во третата земја и индивидуалниот статус на лицето кое патува.„Членките на ЕУ треба да дозволат несуштинско патување на […]

______________________________________________________________________________________________________

Путин: Ова е различно од тоа на Косово, тука граѓаните одлучија што сакаат (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе разговара со владите на сепаратистичките територии, додека односите ќе бидат воспоставени по преговорите. „Тоа ќе биде направено во иднина“, рече тој. Тој додаде дека е потпишана уредбата за делување на армијата надвор од границите на Русија, што значи дека ќе им помогне на тие републики и воено. […]

______________________________________________________________________________________________________

Бајден : Русија ќе плати и повисока цена, ако продолжи со агресијата (ВИДЕО)

Русија ќе плати и поскапа цена доколку продолжи со агресијата вклучително и со дополнителни санкции, рече во обраќањето американскиот претседател Џо Бајден. САД во меѓувреме ќе продолжат со обезбедување на одбранбена помош за Украина и ќе продолжиме со зајакнување и осигурување на нашите НАТО сојузници. Денеска во согласност со руското признание дека нема да ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Столтенберг: Русија планира голем напад, ние сме во состојба на готовност

Генералниот секретар на НАТО денеска изјави дека очекува Русија да изврши голем напад врз Украина, повторно ја повика Москва да се откаже од плановите за нападот и рече дека стотина авиони на НАТО се во состојба на готовност. „Сите индикации покажуваат дека Русија продолжува да планира напад од големи размери врз Украина“, изјави генералниот секретар […]

______________________________________________________________________________________________________

Русија ги повикува останатите земји да ја признаат независноста на Доњецк и Луганск

Руското Министерство за надворешни работи денеска ги повика останатите држави да го следат примерот на Русија и да ја признаат независноста на сепаратистичките региони во источна Украина. „Признавањето на народните републики Доњецк и Луганск е неопходна и единствена можна одлука“ во сегашните услови, се наведува во соопштението на руското министерство. Рускиот претседател Владимир Путин синоќа […]

______________________________________________________________________________________________________

Какви санкции ќе воведат САД и Европа кон Русија?

Aмериканскиот претседател Џо Бајден со декретот што го потпиша ги прекина сите деловни односи меѓу САД и двата региона признати од Русија и го забрани увозот од овие региони. Во текот на денот ќе бидат објавени и нови мерки Велика Британија, Франција и Германија исто така одлучија да одговорат со руски санкции. Англија и САД […]

______________________________________________________________________________________________________

Русија сепак засега не испраќа војска во источна Украина

Русија засега нема да испрати војници во Источна Украина. Но одлука може да се смени порача шефот на руската дипломатија. Наредбата да се испратат војници во Доњецк и Луганск за да како што тврди Кремљ извршуваат мировни фунцкии претседателот Путин ја издал доцна синоќа отккао претходно ги призна двата отцепени региона на Украина како независни […]

______________________________________________________________________________________________________

Путин: Москва е во досегот на украинските нуклеарни проектили, Договорот од Минск веќе не важи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска истакна дека не кажал дека руската армија веднаш ќе оди во Донбас, додавајќи дека договорот од Минск веќе не постои. -Украинските разговори околу нуклеарните амбиции беа насочени кон Русија и ние ја добивме пораката. Москва е во досегот на украинските нуклеарни проектили, изјави Путин, пренесуваат британските мекидуми. Тој, исто така, […]

______________________________________________________________________________________________________

ПРИНЦОТ ЕНДРУ „избришан“ од кралицата, оставен без пари

Понижен од Чарлс и Вилијам, кои ја принудија кралицата да го отстрани трајно од кралското семејство пред да го слушне неговото мислење и извинување, принцот Ендру ќе се соочи со американската правда како нормален граѓанин. И тој никогаш повеќе нема да биде третиран како член на кралското семејство. Напуштен од Елизабета Втора, која со месеци […]

______________________________________________________________________________________________________

„Нетфликс“: Наскоро следи документарен филм за српскиот тенисер Ѓоковиќ

Драмата која се случи околу пристигнувањето на Новак Ѓоковиќ во Австралија по повод Отвореното тениско првенство на Австралија ќе биде прикажана во документарен филм на „Netflix“, пренесува „Daily Mail“. Тоа ќе биде вид тениска верзија на документарниот серијал „Drive to Survive“. Наводно, филмската екипа веќе е во Австралија. Серијата ќе ја снима лондонската „Box To […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО/ЖИВО: Ѓоковиќ не оди во притвор, утре ќе разговора со министерот за имиграција

Новак Ѓоковиќ ја продолжува својата борба за настап на Австралија опен: Адвокатите на Ѓоковиќ подготвуваат жалба на одлуката на министерот за имиграција, во Владата на Австралија, Алекс Хок да му ја укине визата. Локалните медиуми објавија дека, по одлуката на министерот, Ѓоковиќ нема да оди во имиграциски притвор, туку тој утре, со своите адвокати, ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Морисон за поништувањето на австралиската виза на Ѓоковиќ

Австралискиот премиер Скот Морисон ја поврза одлуката за визата на Новак Ѓоковиќ со „силните политики за заштита на границите“ на Австралија кои ги „чуваа Австралијците безбедни“ за време на пандемијата. – Разбирам дека по внимателно разгледување, преземени се активности од страна на министерот за имиграција за укинување на визата на господин Ѓоковиќ поради здравствени причини […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова се можни сценарија откако на Ноле повторно му ја укинаа визата

Карен Свини, судски известувач за австралискиот „Асошиетед прес“, вели дека има четири можни исходи по оваа одлука: Ѓоковиќ да го прифати второто одбивање и да се качи во авионот и да си замине од Австралија. Успешно да ја обжали одлуката на суд и да остане во Австралија и игра на Австралија опен. Неуспешно да ја […]

______________________________________________________________________________________________________

На Ѓоковиќ му е поништена визата за Австралија

Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок ја искористи својата лична моќ за да му ја поништи визата на Новак Ѓоковиќ, јави „Ејџ“. Адвокатите на српскиот тенисер се подготвуваат веднаш да поднесат судска забрана против одлуката. – Го искористив своето овластување согласно Законот за имиграција за да ја поништам визата што ја имаше Новак Ѓоковиќ. Поради […]

______________________________________________________________________________________________________

НОВ ПРЕДЛОГ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Ковид сертификатите да важат 9 месеци

Европската комисија во четвртокот предложи дигиталните сертификати за коронавирусот да важат девет месеци по добивањето на препорачаните дози на вакцината против ковид-19. Комисијата во четвртокот го претстави предлогот за препораки за безбедно патување во рамките на ЕУ, кои треба да важат од 10 јануари следната година. Комисијата ги повикува земјите-членки веднаш да ги преземат неопходните […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1