18/08/2018 21:33
•
Posted by: MK News
Кофи Анан беше првиот црн Африканец избран на функцијата прв човек на ОН. Ја извршуваше два мандати од 1997 до 2006 година. Во 2001 година заедно со организацијата ја доби Нобеловата награда за мир за нивната работа кон подобро организиран и помирен свет. – Жалиме за големиот човек, лидерот и визонер, некогашниот генерален секретар на […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2018 12:12
•
Posted by: MK News
Уште три тела беа најдени под урнатините од бетон од срушениот мост Моранди во Џенова, со што вкупниот број на жртви досега се искачи на 41, пренесе новинската агенција АНСА. Пожарникарите ги најдоа телата на деветгодишно девојче и неговите родители во „потполно уништениот“ автомобил под урнатините на мостот што се сруши пред неколку дена. АНСА […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2018 12:04
•
Posted by: MK News
Досега најблискиот жив роднина на Никола Тесла, Вилијам Бил Тербо, почина на возраст од 89 години во неговиот дом во Њу Џерси. Никола Тесла имал брат Дане и три сестри – Милка, Ангелина и Марица. Тербо е внук од постарата негова сестра Ангелина. Таа се омажила за свештеникот Никола Трбојевиќ и имале пет деца – […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2018 12:00
•
Posted by: MK News
Денеска завршува големата анкета на Европската унија која треба да даде увид на тоа што мислат граѓаните за укинувањето на сезонското поместување на стрелките на часовникот. Дека сезонското сметање ќе биде укинато, скоро е извесни, пишува Дојче веле додавајќи дека не се знае кога тоа ќе се случи и дали ќе се задржи зимското или […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2018 11:58
•
Posted by: MK News
Во Италија денеска е прогласен Ден на жалост поради жртвите од уривање на надвозникот во Џенова, при што загинаа 38 луѓе, а од 10 до 20 лица се водат како исчезнати. Предвидена е литургија и погреб на жртвите. На церемонијата ќе присуствуваат и претседателот и премиерот на Италија, Серџо Матарела и Џузепе Конте. Погребната церемонија […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2018 19:59
•
Posted by: MK News
Земјотрес со интензитет од 5,2 по Рихтеровата скала ја погоди централна Италија. Засега нема информации за човечки жртви или за материјална штета. Потресот бил во близина на Монтелчифоне во областа Молизе на длабочина од 9 км. Во истиот регион имаше потрес од 4,2 и 4,7 во вторникот. A Moderate 5.9 #earthquake #Terremoto #Temblor near Campomarino […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2018 19:55
•
Posted by: MK News
Девојка која падна од мост во американската сојузна држава Вашингтон и преживеа, сега бара другарка и која ја турна да биде осудена. – Отпрво не сакав другарка ми да има проблеми, но откако размислив подобро, сега сакам таа да си поседи во затвор и да размисли за тоа што го стори. Јас можев да загинам, […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2018 19:29
•
Posted by: MK News
Мостот, кој Италијанците уште го нарекуваат и Понте Моранди (мостот Моранди) спрема италијанскиот инженер Рикардо Моранди кој го проектирал, се градел од 1963 до 1967 година. Долг е 1 102 метри, го потпираат три столба од армиран бетон со висина од 90 метри. За сообраќај е отворен во 1967 година. Надвозникот е oбновен во 2016-та […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2018 19:27
•
Posted by: MK News
Многу Италијанци за катастрофата го обвинуваат организираниот криминал. Планирањето на мостот Моранди почна во почетокот на 60-тите и автопатот чиј дел е надвозникот беше отворен во 1967 година. Иако нема докази за криминални дејствија во неговата изградба, Првата италијанска република (1948-1992) беше ноторно позната по вмешаноста на христијанските демократи со организираниот криминал во земјата. Партијата […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2018 23:12
•
Posted by: MK News
Арета Френклин, kралицата на соул музиката, почина денеска на 77-годишна возраст. Таа за последен пат настапи во ноември минатата година за основањето на фондацијата на Елтон Џон за борба против СИДА во Њујорк. Пред тоа, таа пееше во Филаделфија во август. Таа е првата жена која е вклучена во Рокенрол салата на славните во 1987 […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2018 10:20
•
Posted by: MK News
Поранешниот голман на Каљари Давиде Капело , раскажува како го преживеал падот од надвозникот . За сега во несреќата загинаа најмалку 35 лица. Најголем број од загинатите се најдени во нивните автомобили. Спасувачите се уште наоѓаат тела , а од автомобил извлекле и четворица преживеани. – Во тој момент врнеше и грмеше. Одев во Џенова, […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2018 09:54
•
Posted by: MK News
Италија се уште не може да се опорави од трагедијата која се случи при уривањето на надвозникот кај Џенова, каде загинаа 42 лица. Во сеќавање ќе остане возачот на камионот, кој за дел од секундата ја избегна смртта. „Се случи чудо. Не верувам се уште, се тресам целиот. Повторно се родив. На ништо не се […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2018 09:49
•
Posted by: MK News
Обвинителството на Италија излезе со изјава за трагедијата по падот на надвозникот во близина на Џенова. Станува збор за човечка грешка , изјави шефот на канцеларијата на јавниот обвинител на Италија, Франческо Кози. Како што изјави Кози , по завршување на акцијата за спасување на евентуалните преживеани и пронаоѓање на телата на сите загинати , […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2018 18:10
•
Posted by: MK News
Бројот на загинати при уривање на надвозникот во Џенова се искачи на 35, а повредени се 16 лица. Помеѓу загинати има и три деца на седум, 12 и 13 години, соопшти италијанската полиција. Пожарникарите и спасувачките екипи цела ноќ ги расчистуваа урнатините и трагаа по преживеани лица. Надвозникот, дел од автопатот А10, се урна по […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2018 18:08
•
Posted by: MK News
Турција ќе ги бојкотира американските електронски производи, предупредува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поради заострените трговски и дипломатски односи помеѓу Вашингтон и Анкара. “Ние ќе произведуваме уште подобри и поквалитетни производи какви што увезуваме сега и ќе почнеме да ги извезуваме. Ќе ги бојкотираме американските електрични производи”, рече Ердоган на бизнис состанокот во Анкара. “Ако […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2018 18:01
•
Posted by: MK News
Монсанто на овој човек ќе мора да му исплати милионска отштета: Откри дека овој производ предизвикува рак, а тоа ќе го плати со живот Озогласената компанија Монсанто ќе мора да исплати 289 милиони долари на школски редар кој тврди дека нивното средство за хигиена предизвикувало терминален рак. Монсанто најави дека ќе се жали на одлуката […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2018 17:46
•
Posted by: MK News
Дел од надвозник над индустриска зона во италијанскиот град Џенова се урна денеска во момент на силна бура проследена со пороен дожд. Министерството за внатрешни работи на Италија потврди дека загинале 11 луѓе. Италијанскиот министер за транспорт го оквалификува инцидентот како „огромна трагедија“. Пожарникарите тврдат дека при уривањето уништени се околу 20 автомобили. На местото […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2018 17:41
•
Posted by: MK News
Во близина на Џенова денеска се сруши надвозник кој е дел од автопат, а официјалните лица тврдат дека има повеќе мртви е дека е можна трагедија од огромни размери. Официјалните бројки велат дека има најмалку 22 мртви лица. Министерот за сообраќај Данило Тонинели предупреди дека ова веројатно е „огромна трагедија“. Еден од сведоците кажа дека […]
______________________________________________________________________________________________________