31/08/2021 13:02
•
Posted by: MK News
Членките на ЕУ денеска се согласија да ги отстранат САД од ковид-листата на безбедни земји, што значи дека патниците од САД и пет други држави ќе подлежат на построги гранични контроли, како што се тестови на коронавирус и карантин. Израел, Косово, Либан, Црна Гора и Македонија, исто така, се отстранети од листата на безбедни земји […]
______________________________________________________________________________________________________
31/08/2021 12:51
•
Posted by: MK News
САД соопштија дека го завршиле повлекувањето на своите сили од Авганистан скоро 20 години по нападите врз таа земја како одговор на нападите врз Америка на 11 септември 2001 година. Повеќе од 122.000 луѓе го напуштија Кабул со воздушен мост воспоставен на 14 август, еден ден пред да ја вратат контролата врз Авганистан од талибанците, […]
______________________________________________________________________________________________________
20/08/2021 15:37
•
Posted by: MK News
Руските истражувачи соопштија дека ја модифицирале вакцината против коронавирус Спутник В, која се користи повеќе од една година, за употреба против позаразната делта варијанта. – Вакцината што ја модификувавме веќе е во фрижидер, изјави Александар Гинзбург, директор на Институтот Гамалеја. Тој потенцираше дека е прерано да се зборува за ефикасноста на вакцината. И останатите произведувачи […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2021 20:50
•
Posted by: MK News
Министерството за надворешни работи попладнево соопшти дека во Авганистан се уште има околу 100 наши државјани, но засега сите се на безбедни локации. – Според последните информации кои ги добивме, компаниите кои ги ангажираат работниците, не се соочуваат со потешкотии и имаат резервирано сопствени летови за евакуација на нивните работници, а дел од нив веќе […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2021 14:24
•
Posted by: MK News
Талибанците почнаа да влегуваат во Кабул од сите страни, изјави авганистанскиот министер за внатрешни работи. Раководството на талибанците им нареди на борците да се воздржат од насилство во Кабул, да овозможат безбедна евакуација на оние што сакаат да го напуштат главниот град и да ги принудат жените да се засолнат во заштитените подрачја. Тројца авганистански […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2021 13:07
•
Posted by: MK News
Прекумерното консумирање кафе за време на бременоста, подоцна може да доведе до проблеми во однесувањето на детето. Ова е посочено со долгорочно испитување за развојот на мозокот на неколку илјади деца. – Постојат суптилни, но реални промени во однесувањето кај повеќето бебиња кои биле изложени на кофеин во матката. Ова особено лошо може да влијае […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2021 12:56
•
Posted by: MK News
Доза на вакцината „АстраЗенека“, надополнета со втора доза на „Фајзер“, ги произведува најдобрите одговори на Т-клетките, како и подобар одговор на антителата, покажа најновото истражување на Универзитетот Оксфорд. Примањето мешани вакцини, кога вакцината „Фајзер“ против Ковид-19 се дава четири недели по имунизацијата со „АстраЗенека“ ќе произведе подобар имунолошки одговор од втората доза на вакцината „АстраЗенека“, […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2021 12:53
•
Posted by: MK News
Австралија затвори уште еден град поради ширењето на делта сојот. Бризбејн стана четвртиот поголем град во кој е наредено тридневно затворање, откако претходните денови ограничувања беа воведени во Сиднеј, Перт и Дарвин. Земјата регистрираше 23 случаи на инфекција во претходните 24 часа а надлежните обвинуваат дека повратниците од странство го носат вирусот во земјата. Анкетите […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2021 16:32
•
Posted by: MK News
Унгарија денеска го усвои предлог-законот за забрана на „промовирање“ на хомосексуалноста кај малолетните лица, предизвикувајќи загриженост на активистите за човекови права, во услови на зголемени ограничувања наметнати од конзервативната влада на премиерот Виктор Орбан кон ЛГБТ заедницата. Амандманот на законот е усвоен со 157 гласа, вклучувајќи ги и од владеачката партија Фидес, на Виктор Орбан, […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2021 14:16
•
Posted by: MK News
По вчерашниот допис од ФФМ, Европската фудбалска централа (УЕФА) објави дека покрена истрага против Марко Арнаутовиќ за неговата претерана и некоректна реакција врз Езџан Алиоски по постигнувањето на голот за 2-1 на австриската селекција во неделата против Македонија. Арнаутовиќ се извини за однесувањето и изјави дека не станувало збор за расистичко однесување. Сепак, УЕФА целосно […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2021 13:35
•
Posted by: MK News
Фејсбук соопшти дека ќе преземе „посилни“ активности против луѓето кои постојано споделуваат неточни информации на платформата. Фејсбук ќе ја намали дистрибуцијата на сите објави на страницата за новости на сметката доколку корисникот често споделува содржина што се покажува лажна и е верификувана од една од партнерските компании за проверка на фактите, соопшти гигантот за социјални […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2021 13:08
•
Posted by: MK News
Во Полска се организира лотарија со добивка до еден милион злоти (274.000 американски долари) за да ги охрабри луѓето да се вакцинираат против Ковид-19, изјави синоќа министерот за имунизација Михал Дворчик, јави ДПА. Според него, речиси 69 проценти од полските граѓани се изјасниле дека сакаат да се вакцинираат, но најголемиот проблем е да се осигура […]
______________________________________________________________________________________________________
23/04/2021 15:30
•
Posted by: MK News
Рускиот претседател Владимир Путин објави дека планира да прогласи 10 неработни дена за пандемијата на коронавирусот во таа земја да се стави под контрола. Како што пренесува Франс прес, но и руските агенции, претседателот на Русија се согласил бројот на неработни денови околу 1 мај да се продолжи за два, па така Русите ќе заминат […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2021 16:44
•
Posted by: MK News
Претседателката на Европската Комисија попладнево преку Твитер информираше дека денеска ја примила првата доза на вакцина против Ковид-19. -Откако ја надминавме стапката на сто милиони вакцинации во ЕУ, многу сум среќна што ја добив првата доза против Ковид-19 денеска. Вакцинацијата и натаму ќе се забрза затоа што испораките се забрзуваат. Што побргу се вакцинираме толку […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2021 16:41
•
Posted by: MK News
Германската канцеларка Ангела Меркел во петок ќе се вакцинира против коронавирусот со вакцината на „АстраЗенека“, дознава дневниот весник Die Welt. Германската канцеларка, којашто во јули ќе наполни 67 години, ќе се имунизира против Covid-19 со вакцината којашто во Германија, поради проблемите со крвни згрутчувања кај помладите лица, се применува само кај повозрасните од 60 години. […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2021 16:10
•
Posted by: MK News
Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на британската кралица Елизабета Втора почина утрово во замокот Винздор. Кралското семејство на својот Твитер профил објави за неговата смрт. Принцот Филип имаше 99 години.
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:38
•
Posted by: MK News
Европскиот суд за човекови права во Стразбур одлучи дека задолжителните вакцини се легални и повеќе од потребни во демократските општества, пренесува „Дојче Веле“. Ваквата одлука е резултат на жалбата до Судот поднесена од чешки фамилии поради задолжителните вакцини за деца. „Мерките може да се опишат како „неопходни во демократски општества“, стои во одлуката на Судот. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:28
•
Posted by: MK News
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека секоја земја треба сама да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека по приемот на вакцината „АстраЗенека“ постои ризик од згрутчување на крвта. При донесување на одлуката секоја земја треба да ја земе предвид моменталната епидемиолошка состојба и достапноста на другите вакцини, соопшти ЕМА, пренесувана од британските […]
______________________________________________________________________________________________________