Archive | Свет RSS feed for this section

Трамп денеска ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе објави дека го признава Ерусалим за главен град на Израел, информираат високи претставници на американската Администрација, кои побарале да останат анонимни. Трамп, исто така, ќе му нареди на Стејт департментот да подготви преместување на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим. Тој нема да одреди распоред […]

______________________________________________________________________________________________________

Спречен атентат врз британската премиерка Тереза Меј

Британските безбедносни служби спречиле двајца исламисти кои планирале да извршат атентат врз премиерката Тереза Меј, информираше директорот на службата МИ-5 Ендрју Паркер. Паркер за планираниот атентат вчера го информирал владиниот Кабинет, јави телевизијата Скај Њуз. Во врска со случајот се уапсени Наимур Закарија Рахман (20) и Мухамед Акиб Имран (21), кои се обвинети за планирање […]

______________________________________________________________________________________________________

50 луѓе повредени во судир меѓу два воза во Германија

Околу педесетина лица се повредени вечерва во судир меѓу два воза во близина на Дизелдорф во западна Германија, соопшти федералната полиција. Несреќата се случила во 19.30 по локално време. Патнички воз удрил товарен во близина на станицата Меербуш во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија. Причината за судирот се уште не е позната. Патничкиот воз е на компанијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Русија: Девет медиуми прогласени за странски агенти

„Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“ се дел од списокот со медиуми кои Москва отсега ќе ги третира како странски агенти. Според новиот Закон, медиумите мора да го наведат изворот на финансирање. Претходно, Вашингтон нареди да се регистрираат руските канали „Раша Тудеј“ и „Спутник“ како странски агенти поради наводна вмешаност во ланските претседателски избори. […]

______________________________________________________________________________________________________

Поранешен руски министер фатен на дело: Примил мито од 2 милиони долари, Путин бесен

Руското обвинителство денес побара девет години затворска казна за поранешниот руски министер за економија, Алексеј Уљукаев кој што бил фатен како прима мито од 2 милиони долари од директорот на „Росњефт“ Игор Сечин. Поранешниот руски министер ги негира обвинувањата, тврдејќи дека директорот на „Росњефт“ го наместил. „На судот Уљукаев ја измисли приказната дека Сечин го […]

______________________________________________________________________________________________________

Сите ќерки и зетови на Путин: Марија и Катарина, богато се омажиле, а едната е идна претседателка на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин, е познат ширум светот како лидер кој цврсто и мудро управува со својата земја, која може да се каже дека ја кренал од пепелта. И додека за неговите државнички способности на широко се зборува, за неговиот приватен живот се знае малку. Познато е дека бил во брак со Људмила 31 година, […]

______________________________________________________________________________________________________

Светот е на работ од нуклеарна војна: Еве кого Ким прво ќе го нападне

Севернокорејскиот претседател Ким Јонг-ун, по активирањето на последната балистичка ракета што наводно би можела да погоди било кој дел од САД, рече дека неговата земја стана нуклеарна сила во полна смисла, а потоа повторно „заби прст во окото“ на Доналд Трамп и САД.   Американскиот советник за национална безбедност, Х. Р. Мекмастер, рече дека Северна […]

______________________________________________________________________________________________________

Банкротираната Алиталиа порача нови униформи од дизајнерката Алберта Ферети

Иако е во стечај, италијанската авио-компанија Алиталиа порача нови униформи за своите вработени кои ќе ги дизајнира познатата креаторка Алберта Ферети.Компанијата соопшти дека новите униформи се порачани за поголема удобност на вработените. Според раководството на компанијата, новите униформи нема да претставуваат дополнителен финансиски товар за Алиталиа. Авио-превозникот е понуден на продажба. Владата на Италија потроши […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсени осум осомничени за убиството на малтешката новинарка Дафне Галиција

Малтешката полиција уапсила осум осомничени за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, соопшти премиерот на Малта, Џозеф Мускат. Апсењата се извршени речиси два месеци откако новнарката беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил. Сите уапсени се државјани на Малта и повеќето имаат криминално досие, изјави Мускат без да соопшти други детали. Полицијата има рок […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицаец снимен како пука во својата поранешна девојка па во себе

Полицијата од Бојнтон на Флорида објави шокантно видео на кое се гледа како полицаец пука во својата поранешна девојка. Камерите го снимиле моментот кога Мајкл Демарко (55), заменик шериф во округот Палм Бич, пука на својата поранешна девојка Жил Салано (41), а потоа во себе. Облечен во униформа на шериф, Демарко најпрво ја пречекал девојката […]

______________________________________________________________________________________________________

Руската црква бара докази дека најдените останки кај Екатеринбург се на царското семејство Романов

Руската православна црква (РПЦ) е подготвена да признае дека посмртните останки пронајдени кај градот Екатеринбург им припаѓаат на членовите на руското царско семејство Романов, доколку тоа биде потврдено со недвосмилени докази, изјави вечерва митрополитот Иларион, по завршувањето на тридневниот Епископски совет во Москва. Тој нагласи дека Советот решил да не донесе никаква одлука за идентификацијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Можна е забрана за гиро и ќебапи во ЕУ, Грците во неверица

Грците со неверување ја примија веста дека постои можност Европската унија поради безбедност да забрани ќебапи и гиро, а #Free_Giros стана тренд на грчки Твитер. – Дозволија конзерванси секаде, бомбардираат мали деца, но им пречи гиро…Ќе почнеме ли да јадеме гиро скришно и нелегално во подруми и во скриени локали? Ни го забрануваат гирото? Ваква […]

______________________________________________________________________________________________________

Се роди првото бебе од трансплантирана матка

Во САД е родено првото бебе од трансплантирана матка, соопшти болница во Тексас, каде е родено бебето. Жената, која е родена без матка, се породи во универзитетскиот здравствен центар „Бејлор“ во Далас. Портпаролот на болницата Крек Сиволи потврди дека бебето е родено од трансплантирана матка во Тексас, без да наведе повеќе детали, најавувајќи дека в […]

______________________________________________________________________________________________________

Поранешниот советникот на Трамп, Мајкл Флин обвинет дека го лажел ФБИ

Поранешниот советник за национална безбедност на американски претседател Доналд Трамп, Мајкл Флин, е обвинет дека во јануари 2017 година дал лажна изјава на агенти на Федералното истражно биро (ФБИ). Како што јави Би-Би-Си во обвинениот се посочува дека Флин „доброволно и свесно” изнел „лажни, измислени и неточни тврдења” пред агентите на ФБИ на 24 јануари. […]

______________________________________________________________________________________________________

Татко на жртва на убиство разнесе судница со рачни гранати, уби еден од обвинетите

Маж детонираше две рачни бомби во судница во источна Украина и се уби себеси и еден од обвинетите за убиство на неговиот син. Експлозиите одекнале за време на сослушувањето за случај на убиство во Никопол, објавија украински медиуми. Локалните медиуми објавија и дека мажот е татко на жртвата на обвинетите во случајот.Најмалку десет лица се […]

______________________________________________________________________________________________________

Маж активираше две бомби во судница, настрада самиот, најмалку 7 повредени (Видео)

Еден човек активираше две рачни бомби во судница во источна Украина, при што се уби себеси и повреди најмалку седум лица. Инцидентот се случи за време на сослушување за убиство во градот Никопољ, во украинскиот регион Дњепропетровск. – Според првичмте извештаи, човекот извадил две рачни бомби и ги активирал за време на сослушувањето за случајот […]

______________________________________________________________________________________________________

Трамп објави снимки со исламистички напади на Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на својот Твитер профил објави неколку шокантни снимки од исламистичко насилство низ светот. На една од снимките се гледа група луѓе како тепаат момче и го фрлаат од покривот на зграда, на друга муслиман крши статуа на Богородица, а на третата маж за кого се вели дека е муслимански мигрант […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма во Хаг: Обвинет испил отвор во судницата – прекинато читањето на пресудата (Видео)

Слободан Праљак, еден од обвинитетите во случајот „Прлиќ“ испил, според неговиот адвокат, отров во судницата на Трибуналот, откако му е потврдена казна затвор од 20 години. Во моментот прекинато е читањето на пресудата. Праљак по изрекувањето на пресудата извика дека ја отфрла пресудата и оти не е воен злосторник, по што отпи од мало шишенце. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1