29/11/2017 11:51
•
Posted by: MK News
Познато е дека претседателот на Русија и поранешен КГБ офицер, Владимир Путин, својот приватен живот, вклучувајќи ги и двете ќерки Јекатерина и Марија, ги држи подалеку од очите на јавноста. Колегата на Катерина Тихонова (Јекатерина Владимирова Тихонова), девојка која се занимава со рокенрол акробација, потврди дека токму таа е ќерката на рускиот лидер Владимир Путин, […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 12:10
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на германскиот град Алтена, Андреас Холштајн, е тешко повреден кога синоќа пијан маж го нападнал со нож и го прободел во вратот, пренесуваат германски медиуми. Очевидец на инцидентот рекол дека напаѓачот му пришол на градоначалникот и го избодел во вратот со нож, долг 30 сантиметри, викајќи против азилантската политика за која Андреас Холштајн се […]
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2017 18:23
•
Posted by: MK News
Лари Насар, лекарот на женската гимнастичарска олимписка екипа на САД, кој се товари за 105 случаи за сексуално злоставување на жени и девојки, по повеќемесечно демантирање и молчење, се изјасни за виновен во судот во Мичиген, тврдејќи дека се кае за стореното. Насар е обвинет дека сексуално ги злоставувал девојчињата додека наводно ги лекувал во […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 09:33
•
Posted by: MK News
Јужноафриканскиот врховен апелациски суд во Блоемфонтен го осудил славниот спортист Оскар Писториус на казна од 13 години и 5 месеци поради убиството на својата девојка, Рив Стинкамп, јавува агенцијата АФП. Судијата рекол дека Писториус требало да биде осуден на 15 години, но судот го земал предвид времето кое веќе го поминал во затворот. Во јуни, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2017 09:18
•
Posted by: MK News
Комитетот 300 е група која е основана од страна на британската аристократија со цел да ја организира светска политика, банкарството и медиумите. Овој комитет спаѓа под тајно друштво и главното мото е дека светот мора да биде помал и дека има премногу „бескорисни усти“ кои трошат природни богатства и затоа треба да бидат елиминирани. Целите […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2017 17:16
•
Posted by: MK News
Шведската компанија ИКЕА повторно најави повлекување на 29 милиони комоди по седмиот смртен случај, во кој животот го загуби едно дете. Извршниот директор на компанијата Ларс Петерсон изјави дека ИКЕА одлучи да повлече неколку видови на комоди, кои можат лесно да се превртат ако не се прицврстени за ѕид. Смртта на двегодишно дете од Калифорнија, […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2017 21:26
•
Posted by: MK News
Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 километри јужно од Москва, Наталија Власова на лотарија освои половина милијарда рубљи (7,2 милиони евра), што е најголема добивка во историјата на Русија. Куриозитет е тоа што таа за премијата дознала седум дена по извлекувањето и тоа благодарение на нејзината внука, која го проверила лозот. Иако наградата е релативно […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2017 21:23
•
Posted by: MK News
Италијанскиот мафијаш, поранешен шеф на „Коза Ностра“ Тото Риина, почина на 87-годишна возраст во италијанскиот град Парма. Нарекуван со прекарите „Ѕвер“, поради вродената суровост, и „Ситниот“, поради нискиот раст, Тото Салваторе Риина беше уапсен на 15 јануари 1993 година и осуден на доживотен затвор за повеќе кривични дела, вклучително и за организирање на убиствата на […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2017 21:22
•
Posted by: MK News
Еден од најозлогласените криминалци на светот, Чарлс Менсон, почина денеска во болница во Коркоран во Калифорнија на 83-годишна возраст. Менсон беше осуден на доживотен затвор за морничавиот масакр што неговите следбеници го извршја во 1969 година во куќата на режисерот Роман Полански. Како неуспешен музичар со долго криминално досие од млади години, Менсон формирал сатанистички […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2017 21:18
•
Posted by: MK News
Јана Новотна една од најдобрите чешки тенисерки на сите времиња и поранешната шампионка на Вимблдон од 1998 година, почина на 49-годишна возраст. Чешката тенисерка долго се бореше со рак, и на крајот, ја загуби битката. Новотна беше една од најдобрите светски тенисерки во последната деценија од минатиот век и освои вкупно 24 титули. Највредната е […]
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2017 22:29
•
Posted by: MK News
Модниот креатор Азедин Алаја, родум од Тунис, почина на 77 години. Тој е креаторот кој облекуваше многу од популарните ликови во Холивуд. На неговиот моден стил не беа имуни ни дамите од Белата куќа. Алаја со децении беше фален ширум Париз и покрај тоа што не учествуваше на модните ревии ниту водел впечатливи кампањи.Меѓу омилените […]
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2017 19:16
•
Posted by: MK News
Русија почна со изградба на ограда на границата помеѓу Крим и Украина. Предвидено е оградата да е висока два метра и долга 50 километри, а ќе биде завршебна во првата половина од 2018 година. – Оградата ќе чини 3,3 милиони долари и има за цел да ја зголеми безбедноста на жителите на Крим и странските […]
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2017 19:09
•
Posted by: MK News
Путин многу патува ширум светот. Тоа што го јаде за време на патот е сосема друга приказна. Доволно е човек да фрли брз поглед на фотографијата на рускиот лидер за да признае дека Путин во 65- та година од животот прилично е во добра форма во однос на своите врсници. Во што е неговата тајна? […]
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2017 19:05
•
Posted by: MK News
Итни служби се наоѓаат во Ејлсбери во округот Бакингемшир во Англија каде на средна висина дошло до судир помеѓу авион и хеликоптер. Се стравува дека има неколку жртви, иако таквите информации се уште не се официјално потврдени. Како што раскажале мештаните, слушнале силен удар. – Слушнавме застрашувачки звук. Тогаш дојде еден човек и ни кажа […]
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2017 19:03
•
Posted by: MK News
Мексиканските власти заплениле над 371 килограм кокаин, кој преку американската граница бил транспортиран во камион со ознака од државен Институт за социјално осигурување. Мексиканските војници, кои го проверувале камионот, ја пронашле дрогата во мобилен медицински скенер. Упасени се три лица, кои тврдат дека се вработени во Институтот. Но, институтот негираше дека кој било од вработените, […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2017 13:59
•
Posted by: MK News
Германскиот индустриски конгломерат „Сименс“ најави укинување на 6.900 работни места ширум светот, како одговор на промените кои се случуваат во секторот енергетика. Речиси половина од најавените кратења ќе бидат реализирани во Германија, се наведува во соопштението од компанијата. – Кратењата се неопходни за да овозможиме нашата експертиза во технологијата на електраните, генераторите и големите електрични […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:25
•
Posted by: MK News
Војската на Зимбабве соопшти денеска дека ги држи во притвор претседателот на земјата Роберт Мугабе и неговата сопруга Грејс, како и дека ги обезбедува владините згради и патролира низ улиците на главниот град Хараре. Претходно, војниците го уапсија и министерот за финансии Игнатиус Чомбо, откако ја зазедоа власта во обид да се справат „со криминалците […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:12
•
Posted by: MK News
При пад на мал авион Л-410 на подрачјето на градот Нељкан, Хабаровска област на истокот од Русија, загинаа осум лица, соопшти Министерството за вонредни ситуации во земјата. -Осум лица загинаа, додека едно дете преживеа и е хоспитализирано со тешки повреди, соопшти претставникот на рускиот ресор. Истражниот комитет разгледува три верзии за падот на авионот: лошите […]
______________________________________________________________________________________________________