Чајо, Углеша и Хасан: Црногорците ги именуваат циклоните по бабите и дедовците


„Чајо“ на црногорците им донесе снег и ниски температури и ја актуелизираше темата за именување на циклоните – трендот започнал пред неколку години на форумот на Хидро-метеоролошкиот завод кој во својот „регистар“ содржи обични, духовити, застрашувачки имиња па дури и имиња на баби.

Секои две години, црногорците составуваат долга листа на имиња кои се користат за предстоечките циклони : „Анџелија“ која не била баш ангел, „Веселинка“ која не била баш весела, „Благота“ која не била баш „слатка“…

Името ретко го одредува карактерот на човекот, потсетуваат подгоричките „Вести“ и додаваат дека „кога се даваат вакви имиња на циклони – тврдењата се уште поточни“.

Таман ги преживејаа „Хасан“ и „Цвета“, мораа да го запознаат „Чајо“, а на ред чекаат „Шиме“, „Лебед“, „Драги Предраг“, „Љубица“ и разиграните „Живко“ и „Ѕвездана“…

– Се започна со непослушната Анџелија…Таа беше прва. Идејата се роди на страната на Заводот, во рамките на форумот кој постои со години. Тука се дискутира на теми од метеорологија . – отркива Павличевич од ХМЗ.
– Сме имале „Ѓурѓа“, „Његосава“, „Сенка“, „Углеша“…циклонот никогаш не значи ништо добро. Но се случува имињата да звучат духовито. Снегот во јануари го понесе името „Загорка“. Ете, тоа на пример одговара за околностите. – се шегува Павличевич мислејќи на тоа дека овој циклон навистина донел многу снег по горите.

„Цикота“ е именуван според поплавите кои Црногорците не ги паметат, „Снежана“ во февруари минатата година донесе што друго ако не снег. – потсетува метеорологот и најавува дека во иднина ќе биде уште позабавно, со оглед на тоа дека ќе соработуваат со хрватскиот Завод.

Share Button
Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1