Крадец повикал полиција: „Ало полиција, помагај, газдата ме држи на нишан“


Половина час после полноќ,Кристофер Ленс Мур(41), провалил во дом во Спрингдоун, Тексас со цел да го ограби.

Сепак, трапавиот и несреќен крадец, направил доволно врева за да ги разбуди сопствениците на куќата. Сопственикот Џејмс Џероу го грабнал пиштолот кој го поседувал и тргнал во лов на натрапникот.

Мур откако слушнал чекори, ја напуштил куќата и се упатил кон неговото возило. Сопственикот сепак го стигнал Мур кога тој влегувал во автомобилот и со вперен пиштол кон него му ги одзел клучевите од возилото.

Потоа Џејмс го предал оружјето на неговиот син и му дал инструкции доколку Мур проба да бега да пука во нозете.

„ Ако проба да избега пукај во нозете“, се присетува Џероу, давајќи му ги инструкциите на синот. „Нема да го убиеш, пукај во нозете“.

Во меѓувреме жената на Џејмс била на телефон со полицијата каде ја објаснила состојбата и ги преколнувала да дојдат најбрзо што можат.

„Ве молам побрзајте, инаку мојот маж ќе го убие провалникот“.

Џејмс со неговото возило го блокирал излезот и повторно го земал оружјето во свои раце.

Сепак, полицијата во тие моменти добила уште еден повик, но овој пат доаѓал надвор од куќата.

„Јас сум некаде на село. Некои луѓе ме држат на нишан. Господе, помагајте ќе ме убие.“ Ова е дел од снимаката на разговорот помеѓу крадецот и полицијата. Откако му било кажано да се прибере малку, операторот го прашал кој сака да го убие, „овој човек во црвена јакна“, бил одговорот.

Кога пристигнала полицијата и газдарицата на куќата и провалникот биле на телефон со полициските оператори. Подоцна на испитувањето во полицијата, на прашањето зашто сакал да провали во куќата, Мур одговорил дека имал „лоши намери“.

Мур е уапсен, кауцијата му е одредена на 35 000 долари, а со оглед дека имал и претходно досие во полицијата за провали и дрога, тој ќе биде во затвор долго време.

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1