Чавков: Целта не беше да се затвори границата, апелиравме до Грција да го редуцираат трансферот на мигранти


Полицискиот кордон кој попладнево беше пробиен од мигрантите кои се наоѓаат во пограничниот појас на грчко-македонската граница, како што вечерва од Гевгелија изјави министерот за внатрешни работи Митко Чавков, не беше поставен со цел да ја затвори јужната граница со Грција, напротив со цел на поорганизиран и редуциран начин да се пропуштаат дел од мигрантите и да се врши соодветен трансфер до местата за регистрација и за јавен превозmitko cavkov

Во оваа прилика, тој ги повика граѓаните на Гевгелија да бидат смирени, притоа упатувајќи уверување дека на соодветен начин и со соодветен пристап ќе се успее да се амортизираат проблемите кои се наметнуваат од вчера.

Министерот Чавков укажа на фактот дека Македонија делува самостојно без никакво содејство од која било држава од ЕУ, а најмалку од страната на Грција. – И понатаму продолжува трендот на неконтролиран трансфер на мигранти од Грција спрема Македонија. Тоа е основната и главната причина да не можеме на соодветен начин да одговориме на тој неконтролиран трансфер. Неопходна е потреба од координација со грчките полициски структури, рече Чавков.

Од наша страна е даден апел до грчките полициски структури да преземат соодветни мерки и чекори да го редуцираат трансферот на мигранти кој, според Чавков, сега е неконтролиран и несоодветен според капацитетите за трансфер во Македонија. – Очекувам да наидеме на разбирање од грчка страна, иако имаме разбирање и за нивниот проблем со мигрантите, но не е решение на дневна основа тие да ни пуштаат по пет до шест илјади мигранти. Очекувам од овие состаноци на оперативно ниво да почне да се нормализира состојбата, рече Чавков.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1