Чекаме крвава Нова Година? – СТРАВ – Најризичните градови за дочек на Новата година во Европа


Изминатава година ја одбележаа крвави терористички напади, а најмногу нè шокираше крвопролевањето во Париз каде во ноември беа убиени 130 невини луѓе. Опасноста од нови масакри не е помината па пристигнуваат информации за планирањето на напади на европските престолнини во новогодишната ноќ.

Токму поради стравувањето од нови крвопролевања, белгиската полиција во вторникот уапси две лица. Исто така, белгиските власти го откажаа огнометот со кој требаше да се дочека Новата година во Брисел. Имено, белгиските власти добиле сериозни закани. терористите наводно планирале да изведат напади на неколку места во градот.Mapa-Evrope-teroristi-dzihadisti100-copy-620x350

Ниту Лондон не спие мирно, бидејќи поради разузнавачките информации за можен напад нивото на безбедност е кренато на повисоко ниво, а на улиците ќе бидат распоредени повеќе од 3.000 полицајци.

Нивото на безбедност е кренато и во Австрија, па тамошните градови ги завршуваат подготовките и прават сè Новата година да протече во мир. Токму поради тоа, властите во Словенија го вратиле автобусот со 150 бегалци со образложение дека ќе ги зголемат мерките на безбедност, а идентитетот на вратените бегалци не можеле да го проверуваат.

За првпат по 25 години Црвениот плоштад во Москва ќе биде затворен за пошироките маси. Новата година на познатиот плоштад во руската престолнина ќе може да ја дочекаат само одбрана група на луѓе којашто ќе учествува во снимање на новогодишна програма. Руските власти ги повикаа своите граѓани да ја прослават Новата година во своите домови.

Парижаните кои во 2015 година доживеаја два терористички напади се во голем страв па се проценува дека на уличните прослави на Новата година ќе има значајно помалку луѓе од обично. Во градот е зголемено нивото на безбедност и властите настојуваат да обезбедат сè да помине во мир.

Минатата седмица во Босна и Херцеговина беа уапсени 11 лица кои наводно поради планирање напади за новогодишната ноќ во Сараево.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1