Чешми и тоалетна хартија се крадат од Стоматологија


Неодговорни пациенти крадат чешми, тоалетна хартија и други потрошни материјали од Универзитетската клиника за стоматологија во Скопје.

toaletna-hartijaaaМенаџерскиот тим на клиниката алармира дека оваа појава постои веќе подолго време, а денес за проблемот го известија и министерот за здравство, Никола Тодоров.

Во изминативе три и пол години се украдени над 50 чешми од тоалетот, кој е сместен во близина на влезната вратата од клиниката. Голем проблем е и честото кршење на даските од ве-це школките, кое се случува речиси секојдневно во клиниката. Медицинскиот персонал вели дека не може да има контрола кој се влегува и излегува од Стоматологија, бидејќи тие луѓе кои влегуваат со цел да украдат нешто, се претставуваат како пациенти.

Министерот го охрабри менаџерскиот тим да го казни секој оној кој ќе биде фатен при ваква кражба, а ако станува збор за некој од вработените да му биде стопиран и работниот однос.

kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1