Грците и Бугарите не доставиле писмени амандмани, но се очекува усна канонада!


Европскиот парламент денеска гласа за Резолуцијата за напредокот на Македонија во 2012 година, предложена од британскиот европратеник и известувач во ЕП за земјава, Ричард Ховит. На предложениот текст се поднесени шест нови амандмани од четворица пратеници и уште два дополнителни од самиот Ховит.

eu znaminjaСекако дека прашањата за добрососедските односи се чувствителни и дека некои грчки или бугарски колеги ќе сакаат да ги потенцираат. Но, јас сум апсолутно одлучен дека Европскиот парламент ќе гласа како и лани и дека големо мнозинство ќе ја покаже поддршката на оваа земја за евроатланските интеграции,, вели Ховит во изјавата за Радио Слободна Европа.

Автори на амандманите се Марије Корнелисен (Зелени), Чарлс Танок (Група на европски конзервативци и реформатори) со по еден амандман, и Јелко Кацин и Норица Николаи (Група на Либерали и демократи) со четири амандмани.

Корнелисен во својот амандман го поздравува предлогот за сложено име со географска одредница, изнесено од страна на грчката влада, и верува дека тој ќе биде добра основа за компромис, под услов македонскиот идентитет, култура, националност и јазик не се доведуваат во прашање.

Од четирите амандмани на Кацин и Николаи, едниот се однесува на комисијата за истрага со цел да се воспостави одговорност за настаните на 24 декември.

eurozone

Двајцата европратеници бараат од властите веднаш да се формира комисијата, со цел да се возобнови нормален политички процес во земјата. Кацин и Николаи бараат и ревизија и проверка на гласачките листи, и изразуваат загриженост по претресот во канцелариите на новоизбраниот градоначалник на општина Центар во Скопје.

Во шестиот амандман тие велат дека будноста и професионалноста на медиумите е од суштинско значење за натамошниот развој.

Најавените грчки и бугарски амандмани вчера не беа поднесени, како што очекува и Ховит, тие на денешното гласање може да бидат поднесени во усна форма, бидејќи јужниот и источниот сосед не би ја пропуштиле можноста да ги потенцираат добрососедските односи.

,,Ако навистина сакаме оваа земја да напредува или ако сакаме да се воведе тоа што јас го нарекувам двигател за земјата и нејзините реформи, тогаш е оправдано да се почнат преговорите и да се понуди датум без натамошни одлагања или условувања или двоумења и се надевам дека токму за тоа ќе гласа европскиот парламент, вели Ховит во изјавата за Радио Слободна Европа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1