Срамното однесување на „Балистите“ осудено од вистинските спортски вљубеници


Навивачите на тетовска Шкендија направија скандал уште на стартот на финалето во Купот на Македонија, ја исвиркаа химната на Македонија пред почетокот на пресметката за трофејо.

Тетовските навивачи за време на интонирањето на македонската химна освен што ја исвиркаа, истакнааа големо албанско знаме на северната трибина на која се сместени приврзаниците на Шкендија.

stadionТренерите на двете екипи, Горазд Михајлов и Артим Шаќири ја делеа разочараноста од прекинот на средбата поради националистичките извокувања и речиси во еден глас истакнаа дека спортот беше поразен од политиката.

“Натпреварот не ни почна како што треба, а потоа следуваа и прекините. За жал, спортот не можеше да се справи со политиката, што и не е прв пат, сцени кој што најмалку ги посакуваме. Ќе направиме се овој финален меч за куп трофејот да се одигра до крај. Се надеваме дека на крајот ќе стигнеме до триумфот“, беа зборовите на Михајлов, тренерот на Тетекс.

Шаќири, позната фудбалска легенда во Македонија, поранешен репрезентативец на “црвено-жолтите“, е разочаран и незадоволен од ваквите настани.

“Ние го претставуваме спортот, фудбалот и наша цел е да се фокусираме на теренот, да оствариме добар резултат, да се претставиме во најдобро светло. Се што се случи беше дел на политика и тоа пред се треба да го коментираат раководните лица од клубот. Нам ни останува да го доиграме натпреварот, да останемме фокусирани на тоа и ќе сториме се да стигнеме до посакуваната цел, а тоа е освојување на трофејот во купот“, рече Шаќири, тренерот на Шкендија.

Спорт  арена

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1