На Солунскиот градоначалник му излета дека во Скопје се зборува македонски јазик


Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис на состанок на градскиот совет го употребил терминот македонски јазикк поради што се најде на мета на грчките медиуми и информативни портали.

greece“Бутарис спонтано употреби лош збор – македонски” за јазикот што се зборува во Поранешната Југословенска Република Македонија”, пишува весникот Авги” нагласувајќи дека поради ваквиот испад веднаш реагирале претставниците на партиите од десното крило.

ИнЊуз” пишува дека откако еден од советниците го потсетил Бутрис дека јазикот се вика фиромски”, Бутарис инсистирал и истакнал дека тој е Влав и оти во минатото Власите зборувале македонски”.
Скопјаните според Бутарис зборуваат македонски јазик”, тешко дека повторно ќе биде избран за градоначалник””, на Бутарис му излета дека фиромскиот јазик е македонски” се само некои од коментарите во грчките медиуми, пренесува МИА.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1