Четири жени повредени во сообраќајка во Гостивар


Четири жени се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 21 часот се случила на крстосниците на улиците „ЈНА“ и „Трајко Јовановски“ во Гостивар.

Во несреќата, информираат од СВР Тетово учествувале две патнички возила „Ауди“ со странски регистерски таблици, што го управувал 21-годишниот гостиварец В.З. и „Опел корса“, управуван од 20-годишната С.М, исто така, од Гостивар.soobrakjajka

Возачот на „Опелот“ и три сопатнички на возраст од 36, 38 и 44 години се здобиле со телесни повреди и со друго возило биле пренесени во гостиварската болница. По укажаната помош, пуштени се на домашно лекување.

Извршен е увид и се утврдуваат сите поединости во врска со причините за несреќата. Првично, причина е неприлагодена брзина, додека вкупната материјална штета се проценува на 60 илјади денари.

Возачот, кој го напуштил местото на несреќата, набрзо е пронајден и обезбеден.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1