Пороен дожд и грмежи најавени за попладнево


Управата за хидрометеоролошки работи за денеска од пладневните часови најавува локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, особено во западните и северни делови, но и во останатите планински региони, пренесе МИА.dozd2

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој во периодите на пороен дожд повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени, а УВ-индексот 7.

Во Скопје температура до 36  степени целзиусови, воздушен притисок 979, релативната влажност на воздухот 40 проценти и средна брзина на ветер три метри во секунда.

Во деновите од викендот, според УХМР, ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските предели, особено во југозападниот и јужниот дел од земјата. Од почетокот на работната недела и понатаму ќе се одржува сончево претпладне, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд во претежно југозападните делови

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1