Исповед на сопственичка на ескорт агенција: Половина од моите клиенти се жени и што плаќаат за лезбејки


Прво нешто што ќе ви падне на памет во врска со елитната проституција веројатно се убави девојки во друштво на мажи кои што плаќаат за нивните „услуги“.

Меѓутоа, мажите не се единствените кои што плаќаат за „гламурозно друштво“. Едно истражување покажа дека во изминативе пет години дури 15 илјади мажи „го продавале своето тело“ на жени кои што немале време за врска или пак сакале да се почестат со „групен секс“.prostitutki-london

Една лондонска ескорт агенција отиде и чекор понатаму – во својата понуда има и проститутки кои се лезбејки. И според зборовите на сопственичката Фелисити, бизнисот им цвета. Цената изнесува околу 250 фунти за еден час, а услугите ги користат богати жени кои што на викенд во Лондон пристигнуваат од САД и Дубаи. Често се случувало и клиентите да ги побараат своите девојки на одредено време и да ги одведат на некоја егзотична дестинација.

Ескорт агенцијата на Фелисити услужува мажи и жени, а половина од клиентите биле жени кои што барале женско „друштво“.

„Би рекла дека жените се дури и „повалкани“ од мажите. Секако имаат поголем авантуристички дух, а сето тоа исплива на површина после филмот 50 нијанси на сиво“, изјави Фелисити која што во својата ескорт агенција има вработено 20 проститутки од кои тие што ќе услужат жени мораат да бидат лезбејки или бисексуалки.

„Мораат да уживаат во тоа што го работат, инаку сето тоа не би имало поента. Ако не уживаат, тогаш тоа веднаш може да се забележи. Значи, мораат да бидат вистински лезбејки, тие не смеат да глумат“.

Фелисити за британските медиуми откри и која е најголемата разлика помеѓу машките и женските клиенти.

„Мажите знаат да прифатат било каква девојка, додека жените се многу повеќе пребирливи. Сите сакаат да знаат сè за девојката – висина, тежина, боја на коса…“, заврши Фелисити.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1