‘0 годишна жена од Ирак е бремена со 13 фетуси иако таа откако е во брак досега родила 7 деца од кои 2 се близнаци. Последен пат била бремена пред 5 години. Лекарите сега утврдиле дека таа во телото има дури 13 бебиња.
Првите тестови покажале дека на четири бебиња срцата не им чукаат. Останатите се во добра состојба, рече Др. Mikdam Al Jabouri, специјалист во Ирачката болница Takret, пренесува emirates247.com
Во последните 5 години таа се обидувала но неможела да забремни поради што нејзиниот сопруг се оженил и со друга жена.
“Многу сум среќен заради новата бременост на жената, а исто така сум загрижен за тоа како ќе тече бременоста и како да го зачуваме овој милостив дар од Бога. За мене беше големо изненадување тоа што жена ми носи 13 деца и имам в план да организирам тим за нега на сопругата, бидејќи ќе бидам единствениот татко на светот на толку деца” изјавил таткото
Ова е еден од најретките случаи во историјата, додаваат докторите кои ја водат бременоста на оваа жена.