Четиригодишно девојче почина од сируп


По повеќе од два месеци од ненадејната смрт на едно четиригодишно девојче од Клостеројбург, Долна Австрија конечно се објавени резултатите на обдукцијата.sirup-1353914662-233979

Според извештајот четиригодишната Пиа починала од труење со лекови. Кобната ноќ мајката на девојчето и дала сируп за кашлање. Меѓутоа мајката утрото го затекнало девојчето мртво. Веднаш е наредена обдукција, за да се утврди причината за смртта. Се претпоставувало дека умрела од лекот.

Инаку, станува збор за две сестри близначки кои настинале и силно кашлале. Мајката ги однела на лекар кој ги прегледал и им прешишал сируп за кашлање „codipertussin“ и тие двете заспале. Но утрото четиригодишната Пиа не се разбудила.

Мајката кога видела дека девојчето не се буди ја грабнала и однела во болница, но лекарите не можеле ништо да сторат.

Поведена е истрага и ќе се бара одговорност за случајот со малечката Пиа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1