Четворица полицајци повредени во тепачка на „Балисти“ и „Шверцери“


На стадионот „Чаир“ во Скопје вчера околу 17.30 часот додека траел фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК Шкендија и ФК Силекс, дошло до нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем со меѓусебна тепачка и насилство од страна на групите навивачи „Балисти“ и „Шверцери“.policija kapi

При интервенција повредени се четворица полициски службеници, кои по укажаната лекарска помош во Градската општа болница биле пуштени на домашно лекување, соопшти денеска МВР.

Во 20.30 часот во СВР Тетово било пријавено оштетување на четири автобуси со кои се превезувале навивачите „Балисти“ до Тетово. Оштетувањето било направено во Скопје од страна на навивачката група „Шверцери“ кои фрлале со тврди предмети кон автобусите. Исто така, оштетено било и патничко моторно возило „форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на „Секуритас М“-Тетово, управувано од Л.С.(18). Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1