Четворица повредени полицајци од Куманово, се’ уште во болница


Четворица припадници на безбедносните сили кои учествуваа во полициската акција во Куманово насочена кон разбивање на терористичка група, се’ уште се хоспитализирани на скопската Клиника.

Најтешко повредениот вчера му била извршена операција на рака. Директорот на клиниката, Реџеп Селмани, вели дека полицаецот е во стабилна состојба и дека за неколку дена би можел да биде пуштен дома.kliniki- brza pomos urgenten

И врз другите тројца повредени полицијци извршени се сите потребни интервенции и се вон животна опасност.

Во полициската акција, која почна на 9 мај, а заврши следниот ден,  загинаа осум полицајци, а 37 беа повредени. Цивилни жртви немаше, иако борбите меѓу полицијата и терористите се водеа во густо населената населбата Диво насеље.

Според информациите од МВР, полицијта се судри со  една од најопасните терористички групи која изминативе години била инволвирана во бројни напади. Во куќите во кои беа сместени терористите, полицијата пронајде голем арсенал оружје, а како лидери на групата се посочени косовските државјани Мухамед Красниќи т.н Малишева, Мирсад Ндрецај т.н. командант Нато, Сами Укшини т.н. командант Соколи, Бег Ризај алијас командант Бегу и Дем Шеху, алијас Јунику.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1