Чичко и внук загинаа во пожарот во Богданци


Министерството за внатреши работи денес излезе со детали околу идентитетот на загинатите во вчерашниот пожар во фабриката за пински боци во Богданци „Балкан гас“.Screenshot_33

-Во 8:50 часот од експлозија на гас избувнал пожар во објектот, при што животот го загубиле вработените Златко Д.(59), Васко Д.(42) и Благој Д.(40), сите од селото Ѓавато, а со изгореници од прв, втор и трет степен по целото тело се здобил В.М.(40) од Богданци, кој е пренесен во Медицински центар Гевгелија, од каде поради карактерот на повредите е препратен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, велат од полицијата.

Починатите Златко и Васко биле во роднинска врска, односно биле чичко и внук.

Од МВР информираат дека во содејство со јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1