Ново прелевање на Мантово, можна евакуација на населението


Општина Штип ги известува жителите на Лакавичкиот регион дека се очекува зголемување на водостојот на Лакавичка река и ново поплавување на земјоделските површини и имотите на луѓето.

david-go-odnese-stip6

-Како резултат на обилните врнежи од дожд во радовишкиот регион, има ново прелевање на браната Мантово, заради што се апелира до жителите да ги обезбедат имотите, а стоката да ја однесат на повисоки локации.  Доколку врнежите продолжат, можни се нови излевања и евакуација на населението од најкритичните точки, се вели во соопштението од Општина Штип.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1