Чичко Стоилко ќе оди во историјата. Со реконструкцијата на зградата на ЕЛЕМ и ЕВН, согласно урбанистичкиот план, киосците за брза храна на плоштадот Македонија ќе бидат урнати.
Компаниите кои веќе имаат добиено одобрение за градба ја известиле општина Центар дека треба да почне откстранувањето на времените објекти на ДТУТ Нино ДООЕЛ Скопје, ДОО Лозена компани (Чичко Стоилко) и две бараки помеѓу горенаведените два објекти.
По уривањето ќе почне реконструкцијата фасадата на огромната зграда во центарот на Скопје, на плоштадот Македонија.