Скандал во ДИК при доделувањето на уверението за претседател на Иванов


Ѓорѓе Иванов го доби уверението од Државната изборна комисија за втор претседателски мандат, но наместо претседателот Никола Рилковски, му го врачи членот на ДИК, избран по предлог на ДПА, Бедредин Ибраими.

ivanov-DIKОсвен Рилковски, Иванов го бојкотираа и членот на ДИК избран по предлог на СДСМ, Виолета Дума, како и заменик-претседателот, Субхи Јакупи, предложен од ДУИ. Официјално објаснување од ДИК нема, но ваквата постапка на тројцата се објаснува со непризнавањето на резулатите од изборите од страна на опозицијата, и бојкотот на претседателските избори од партијата на Али Ахмети.

 

При врачувањето на уверенито на Иванов, во салата беше само Ибраими, но веднаш потоа изборот му го честитаа и членовите Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска, избрани во ДИК по предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Иванов го поддржаа 534.910 избирачи, додека неговиот противкандидат од СДСМ и коалицијата Стево  Пендаровски освои 398.077 гласови.

 

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1