Чист воздух само 53 дена за девет месеци


Годинава Тетово најверојатно ќе ја заврши како прв на листата на градови во Македонија каде што во воздухот се мерат алармантно високи концентрации на штетните пм10 честици. Мерењата на Министерството за животна средина за квалитетот на воздухот покажуваат дека градот има најмногу денови со загаден воздух, пишува Нова Македонија.zagaduvanje1

Од 1 јануари до 5 октомври 2014 година 224 дена во Тетово имало загаден воздух и присуство на штетните пм10 честици над дозволените 50 микрограми на кубен метар. Во овој период од девет месеци и неколку дена, само 53 дена тетовци можеле да уживаат во чистиот воздух. На интернет-страницата на Министерството за животна средина за квалитетот на воздухот може да се забележи дека на 25 септември имало 800 микрограми штетни пм10 честици или 16 пати повеќе од дозволеното.

Така, целата година Тетово ја поминува во состојба на загаден воздух, како што помина во текот на есенските и зимските месеци 2013 година, кога надлежните објаснуваа дека состојбата е таква поради немањето доволно ветер, односно природно расчистување. Сепак, мерењата покажуваат дека и во текот на летните месеци во Тетово имало надминување на присуството на штетни материи во воздухот.

Министерството за животна средина и просторно планирање неодамна соопшти дека мерната станицата за квалитет на воздухот во дворот на тетовската гимназија последниве години не дава релевантни податоци за загаденоста на воздухот и дека треба да се дислоцира.

Имено, според Министерството, мерното место не ги исполнувало стандардните услови за мерење на квалитетот на воздухот од причина што местоположбата на спортската сала доведува до намалување на циркулацијата на воздухот околу мерното место, односно на загадувачките супстанции и нивно концентрирање во воздухот. Новата локација за мониторинг-станица е дворот на основното училиште „Кирил и Методиј“, која, според надлежните, е најпогодна.

Муртезан Исмаили, директор на Институтот за животна средина и здравје при Универзитетот на Југоисточна Европа, вели дека попусто Министерството ќе го поставува мерниот апарат на друго место,

Дека состојбата со загадувањето е алармантна потврдуваат и податоците на клиничката болница. Во 2013 година респираторните заболувања стануваат втори на листата со болести во Тетово откако претходните години се наоѓале од трето до петто место.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1