Чкембари ги носеле повредените Комити до болница – имало само една Брза помош


Битолчани со неверојатен гест кон скопските навивачи кои беа повредени.

Откако се случил страшниот инцидент на трибините во кој беа повредени десетина навивачи на Скопските Комити, Чкембарите со свои возила ги носеле повредените до битолската болница.

povreden komita2На местото имало само едно болничко возило, кое всушност го превзело најтешко повредениот, врз кој експлодираше полициска шок бомба, под неразјаснети околности.

„Шокиран сум. Не знам што да кажам. На стадионот имаше само едно возило на Брза Помош, a имаше десетина повредени. Најтешко повредениот замина со него, а ние останатите, кои што имавме помали повреди моравме да се снаоѓаме.

За среќа „Чкембари„ со свои возила веднаш се појавија на местото. Не ставија во автомобили и не однесоа во болница. Се што ни беше потребно ни донесоа“  вели еден навивач за „Курир„.

Еден од оние кој успеа да ги пренесе скоро сите повредени навивачи е Ѓорѓи Силјанов – Монголо, кој во два наврати беше спонзор на Пелистер.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1