Членовите на ДИК ќе ги донираат 12-те плати


Државната изборна комисија ја прифати критиката на јавноста откако се дозна дека биле доделени 12 плати како надоместоци за членови, вработени и соработници. Никој од членовите на ДИK не понуди оставка поради овој скандал.– Критиката ја прифаќам. Оваа одлука не го издржа судот на јавноста. Со оглед на тоа дека нема законска можност парите да се вратат, јас ќе ги донирам на здруженија на лица со посебни потреби – рече претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.

Тој нарeди сите донесени одлуки кои не се објавени веднаш да се објават на сајтот на ДИК заради транспарентност.

Едногласно, со 9 гласа „за“ се изгласа заклучокот на ДИК да се рaзгледа можноста за враќање на парите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1