Имено, портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информирал дека при увидот во опожарениот хотел Гранит на Попова Шапка во внатрешноста на објектот бил пронајден засега неидентификуван човечки труп.
На самото место веднаш се упатиле екипа на СВР Тетово, истражен судија и јавен обвинител да извршат увид, додека полицајци од полициското одделение го обезбедуваат местото.
Пожарот избувнал денеска околу пладне најпрво во ресторанскиот дел за потоа да се прошири и да го зафати целиот хотел вклучувајќи ја и покривната конструкција. Во гаснењето учествувале три противпожарни возила и десет пожарникари од Територијалната противпожарна единица.
Tocka.com.mk