Професорот Алан Карпантие, такото на вештачкото самостојно срце, соопшти дека 68-годишниот маж на кого му беше всадено вакво срце во август мината година се вратил дома
Лицето на пациентот и неговиот идентитет се чуваат во тајност, но професорот кој ја замисли оваа протеза која чука како вистинско срце во градите на пациентот, гарантира дека пациентот се чувствува добро.
– За нас, за земјата, пред се во овие времиња, ова е прекрасна авантура, вели докторот во интервјуто за весникот „Паризиен“.
Ова е втор пациент на кого му беше вградено вештачко срце од типот Кармат. По првата операција напаравена на 18 декември 2013 во болницата „Жорж Помпиду“ во Париз, втората интервенција беше изведена во Универзитетската болница во Нант од истата екипа на хирурзи предводени од Клод Дани. Со стекнатото искуство, операцијата траеше само шест и пол часа, наместо осумте часа при првата.
Првиот пациент со вештачко срце почина по 74 дена поминати со протезата во градите, второоперираниот пациент пет месеци по операцијата не само што е жив, туку се чувствува добро.
За 68-годишниот пациент се знае дека е женет, татко на две возрасни деца, дека е љубител на старо оружје и дека ја „вкусува“ секоја нова секунда од животот во својот дом.
– Пред операцијата ми напиша трогателно писмо, во кое ми велеше дека не жали за ништо, но и дека не може повеќе. Животот на пациентото пред операцијата беше како на секој кој боледува од тешка срцева инсуифенција во напредната фаза од болста. Кога секое движење тежи и задишува, кога периметарот на животот се намалува меѓу креветот и фотелјата. Стадиум во кој се поднесени повеќе белодробни едеми се стравува од секој иден и кога се знае дека деновите се изброени, кога ќе се помине возраста на која е можно класично пресадување на срцето, односно 60 години. Од почетокот на годинава, тој повторно живее дома и ја споделува семејната трпеза и радост – изјави професорот Карпантие.
При посетата на својот пациент, профсорот Карпантие (81 година) забележал дека тој се движи полесно од него и дека не се двоуми да се качи на својот домашен велосипед, што лично кај него предизвикало стравување.
Според проценките едно вакво вештачко срце чини меѓу 140.00 и 180.000 евра и е наменето само за пациенти за кои класичното пресадување на срце повеќе не е можно.