Етибар Елчиев, поранешен тренер во кик-бокс од Грузија, постави нов светски рекорд во петокот како човек кој успеал да привлече најмногу лажици истовремено на своето тело.
Грузиецот на градите и грбот носеше вкупно 53 метални лажици. Елчиев пред неколку години откри дека неговото тело привлекува метал.
Тој во петокот го сруши неговиот претходен рекорд кој го држеше од 2011-та година, кога успеа да привлече 50 лажици.
Способноста на луѓето за привлекување метал се нарекува човечки магнетизам, а научниците се уште немаат утврдено што го предизвикува.