Човек-магнет привлекол 53 лажици (Видео)


Етибар Елчиев, поранешен тренер во кик-бокс од Грузија, постави нов светски рекорд во петокот како човек кој успеал да привлече најмногу лажици истовремено на своето тело.

laziciГрузиецот на градите и грбот носеше вкупно 53 метални лажици. Елчиев пред неколку години откри дека неговото тело привлекува метал.

Тој во петокот го сруши неговиот претходен рекорд кој го држеше од 2011-та година, кога успеа да привлече 50 лажици.

Способноста на луѓето за привлекување метал се нарекува човечки магнетизам, а научниците се уште немаат утврдено што го предизвикува.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1