Едно лице е прогласено за клинички мртво, а пет лица се примени на болничко лекување во тешка здравствена состојба во болницата во Рен, откако тестирале пробна молекула на лек, јави дописникот на МИА од Париз.
Здраствената состојба на петте лица, кои се уште се на лекување, се смета како загрижувачка. Француската Агенција за безбедност на лековите и здрвствените производи, одлучи да изврши техничка инспекција на начинот на кој се вршени клиничките тестови на новата молекула.
Засега нема повеќе информации, а приватната лабараторија која ги вршела тестови ги повика сите волонтери кои учествувале во нив да се јават на лекар.
Како и вообичаено при пробните тестови на лекови и терапии, станува збор за здрави волонтери.
Според повеќе медиуми, пробната терапија се однесува на аналгетик направен врз база на канабис во еден центар кој има дозвола за вакви тестови.