Човекот што живее без пари – еве како не му треба пари за ништо (Фото)


Ирецот Марк Бојл се обидел да живее живот без приходи, финансиски баланс и никакво трошење. А порталот The World Observer го пренесува неговото објаснување како и за која цел. Еве како започнува приказната на Марк, кој во светот го носи прекарот The Moneyless Man (човекот без пари).

mark-bojl-cbp-01„Ако некој ми кажеше пред 7 години, за време на мојата последна година на студиите за бизнис и економија, дека сега ќе живеам без пари, веројатно ќе се задавев на мојата готова вечера од микробранова. Планот тогаш беше да најдам добра работа, да правам што е можно повеќе пари, и да ги купувам оние нешта кои ќе му покажат на општеството дека сум успешен“.

„Некое време успевав – најдов фантастично работно место и менаџирав голема компанија за органска храна. Си купив дури и јахта. Да не ја купев видео играта Ганди, можеби и денес ќе го правев истото. Но, немам добиено ни едно пени во последните 15 месеци“.

„Промената во мојот животен пат дојде додека една вечер на јахтата филозофиравме со пријател пиејќи чаша скапо Мерло. Додека бев под силно влијание на цитатот на Махатма ’Биди промената која сакаш да ја видиш во светот’, немав поим која е таа промена.

Започнавме да зборуваме за најголемите проблеми во светот – уништување на средината, војни за ресурси, евтина работна рака, експлоатација… И се запрашавме зошто не го искористиме нашето време на светот за да се посветиме на тоа. Не дека мислевме дека ќе направиме огромна разлика, со оглед на тоа што сме 2 мали капки во огромен океан“.

mark-bojl-cbp-06

„Но, таа вечер имав откровение. Овие проблеми не се толку неповрзани со мене како што мислев порано, туку имаат заеднички корен и кауза. Верувам дека секој може на свој начин да направи мала промена. Многу малку луѓе сакаат другиот да страда, туку најчесто немаат поим дека директно му ја загрозуваат благосостојбата на другиот.

На пример, ако секој ја одгледува сопствената храна, нема да фрли ни третина од неа како што правиме денес. Ако ги правиме сами своите маси и столови, нема да ги фрлиме во моментот кога ќе сфатиме дека нашиот ентериер веќе не е модерен. Ако требаше сами да си ја чистиме водата која ја пиеме, веројатно немаше да уринираме во неа“.

Марк Бојл го продолжува своето објаснување, и кажува како тоа се’ започнало да се реализира:

„Значи, за да бидам промената која сакам да ја видам во светот, за жал значеше дека треба да се откажам од сите свои пари, нешто што го направив една година подоцна. Направив листа на нешта кои ми се неопходни за да преживеам, и новиот живот започна.

mark-bojl-cbp-02

На првиот ден нахранив 150 луѓе со 3 оброци од неупотребени и оставени состојки за храна. Во поголемиот дел од годината јадев од мојата сопствена градина, и фрлав само 5 проценти од се’ што одгледував. Готвев надвор – и на сонце и на дожд, на шпорет на дрва кој сам го направив.

Следно беше засолништето. Си купив караван за кампување, го паркирав на органска фарма во која волонтирав, и во него нема електрична енергија. За се’ што правам користам суви дрвја и листови собрани на фармата.

Се капам во река, а наместо паста за заби користам билки кои ги чистат забите. Наместо тоалетна хартија користам весници (Верувале или не, еднаш искористив весник на кој имаше сторија за мене, лично!). За превоз користам велосипед, и за целокупните 55 километри напред и назад движење низ градот, трошам многу енергија, па штедам и на одење во теретана. За осветлување користам восочни свеќи“.

mark-bojl-cbp-05„Многу луѓе ме обележуваат како антикапиталист. Но тоа не е точно. Јас не сум против ништо. Јас сум за природата, за среќата и за заедницата. И едно нешто не ми е јасно – ако цела приказна за конзумеризам и уништување на средината во која живееме донела среќа, зошто во светот во кој живееме има депресија, криминал, ментални болести, преголема дебелина, самоубиства и што уште не? Повеќе пари не значи повеќе среќа.

Иако не ми верувате, тврдам дека оваа година ми е најсреќна во животот. Имам повеќе пријатели од кога и да било, не сум се разболел откога започнав, и никогаш не сум бил во подобра форма. Сфатив дека пријателството, а не парите, се вистинска сигурност. Најголемата сиромаштија на Западот е духовна. А независноста е всушност огромна зависност!“.

Точка.ком.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1