Чудесна Македонија – На бирото работа чекаат 751 магистер и 13 доктори на науки – преквалификувани се


Меѓу илјадниците невработени, без каков било работен стаус се  и 751 магистер  и 13 доктори на наука. Најголемиот дел од нив се од земјоделските и од  економските науки.

petok rabotaГодините поминати во учење и во усовршување не само што не им помогнале, туку во одредени случаи дури и им одмогнале, бидејќи нивните квалификации се покажале како превисоки за одредени работодавачи. Нема официјални податоци за просечниот временски рок во кој тие можат да се надеваат на  првото работно место, но праксата покажува дека најмало е трпението кај младите кои ја користат секоја шанса за да заминат во странство, јавува Телма.

-Во ситуација кога на Бирото чекаат магистри и доктори на наука, значи дека нешто не е во ред со системот за образование, дека тој е во колапс, вели професорот Илија Ацевски.

Анализите покажуваат  дека една од причините за овој проблем е и хиперпродукцијата на магистерските и докторските трудови. Бројките и соодносите сериозно беа поместени во последната деценија, особено со отворањето на приватните универзитети.

Предупредувањата за сомнителниот квалитет е поосебен сегмент, а според професорот Ацевски ова најмногу се однесува на дел од општествените науки, каде  од десет докторати дури шест се., како што вели, со сомнителен квалитет. Во нив ја нема неопходната истражувачка теза, и тие се сведени на обично прераскажување.

Телма

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1