Чудни звуци пред исчезнувањето на патничкиот авион од радарот


Екипажот на урнатиот руски авион А321 во Синај, до моментот на инцидентот немал информации за оштетување на авионот, соопштува пред Интерфакс, информиран извор во Каиро.

– Од евиденцијата на разговорите на екипажот со диспечерите, ситуацијата во авионот 4 минути пред исчезнувањето на авионот од радарот била нормална, екипажот ги водел вообичаените разговори со диспечерите, ништо не укажувало за било какво оштетување, ниту пак екипажот соопштил такво нешто, вели изворот.erbas-a

Тој додава дека во моментот на исчезнување на патничкиот авион од радарот, на записот има невообичаени звуци за нормален лет. Екипажот не дал никаков сигнал за проблеми.

– Судејќи според снимките, вонредната ситуација во авионот настанала одеднаш и била неочекувана за екипажот и пилотот не успеал да прати сигнал за проблеми”, наведува изворот.

Истражителите денеска почнаа со анализа на двете црни кутии од рускиот патнички авион, што во саботата се урна на Синајскиот Полуостров, а египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси порача дека истрагата може да потрае

Анализата на црните кутии – од кои една ги снимала разговорите во кокпитот, а другата податоците од летот – почна околу пладне по локално време (11 часот по средноевропско време), рече претставник на египетското Министерство за цивилна авијација.

Истрагата може да потрае неколку недели или месеци доколку има оштетувања на снимките од црните кутии, наведоа извори.

Авионот на руската авиокомпанија „Когалимавија“, на летот од Шарм ел-Шеик до Санкт Петербург, се урна 23 минути по полетувањето, околу 100 километри од Ариш во северен Синај. Повеќето патници биле руски туристи.

Од руската авиокомпанија соопштија дека авионот, што бил во „одлична техничка состојба“, се урна под влијание на „надворешно делување“ и дека немало никакви технички или човечки грешки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1