Женско новороденче паднало низ тоалетот од возот директно на пругата откако мајката го родила во воз во движење во Индија.
Бебето го преживеало турбилентното породување и е пронајдено на пругата од страна на патници од една железничка станица во Утар Прадеш. Мајката и нејзиното бебе се префрлени во болница.
Родилката е идентификувана како Пушпа Деви, и живеела во Мохан Нагар Багатпур во Непал.
Таа се качила на возот за да оди на преглед на очите во болница, но почувстувала породилни болки.
Патниците слушнале врескање од тоалетот и ја пронаше жената во големи болки.
Таа барала од патниците да го запрат возот и да и помогнат, по што ја повлекле сигурносната рачка и го запреле принудно возот.
Бебето го веднаш го нарекоа “живо чудо“ е пронајдено на пругата откако низ цевките на тоалетот испаднало на пругата и преживеало.
Жената во полиција подоцна раскажала дека сопругот ја напуштил и морала да работи различни работи за да преживее.
Од полицијата соопштија дека бебето имало навистина среќа што испаднало на бетонските карпи и така останало живо.
Навистина е чудо што преживеало имајќи предвид од која висина било исфрлено.
И мајката и детето се добро благодарение на брзата реакција на патниците од возот.