Чудо: Го роди во тоалет од воз во движење, па и падна на пруга


Женско новороденче паднало низ тоалетот од возот директно на пругата откако мајката го родила во воз во движење во Индија.

Бебето го преживеало турбилентното породување и е пронајдено на пругата од страна на патници од една железничка станица во Утар Прадеш. Мајката и нејзиното бебе се префрлени во болница.voz pruga2

Родилката е идентификувана како Пушпа Деви, и живеела во Мохан Нагар Багатпур во Непал.

Таа се качила на возот за да оди на преглед на очите во болница, но почувстувала породилни болки.

Патниците слушнале врескање од тоалетот и ја пронаше жената во големи болки.

Таа барала од патниците да го запрат возот и да и помогнат, по што ја повлекле сигурносната рачка и го запреле принудно возот.

Бебето го веднаш го нарекоа “живо чудо“ е пронајдено на пругата откако низ цевките на тоалетот испаднало на пругата и преживеало.

Жената во полиција подоцна раскажала дека сопругот ја напуштил и морала да работи различни работи за да преживее.

Од полицијата соопштија дека бебето имало навистина среќа што испаднало на бетонските карпи и така останало живо.

Навистина е чудо што преживеало имајќи предвид од која висина било исфрлено.

И мајката и детето се добро благодарение на брзата реакција на патниците од возот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1