ЧУДО ИЛИ ПРОКЛЕТСТВО: Мистерија без одговор (Видео)


Локалните жители на Гафса на југот на Тунис беа пријатно изненадени кога среде пустина забележаа ново езеро. Никој не може да објасни како се создало езерото, но властите во Тунис сметаат дека станува збор за подземни води кои минале низ пукнатини и го наполниле кањонот, пишува Huffington Post.

Мистериозно езеро се појавило среде пустина во Тунис, а што е причината за овој природен феномен научниците немаат одговор. Езерото, кое локалните жители го нарекле „Гафса плажа“ го откриле сточари пред три недели.

ezero-tunis

Надлежните ги предупредија жителите дека водата, која првично беше кристално сина, а сега е темнозелена и полна со алги, би можела да биде канцерогена. Сепак Тунижаните не можат да одолеат, а да не влезат во езерото кога температурите се искачуваат над 40 степени. До сега се избањале неколку стотици, а меѓу нив и мали деца.

„Некои веруваат дека езерото е чудо, додека други сметаат дека станува збор за проклетство. Езерото се наоѓа на подрачје богато со фосфати, па водата би можела да содржи и радиоактивни материи опасни за луѓето“, пишуваат медиумите.

Нема никакво официјално објаснување од каде се појавило езеро среде широка пустина. Некои геолози веруваат дека сеизмичките активности довеле до пораст на нивото на водата, односно нејзино избивање на површината.

Локалните власти, пак, проценуваат дека во езерото, кое зафаќа површина од над еден хектар би можело да има дури еден милион кубни метри вода, со оглед на тоа што неговата длабочина се проценува на меѓу 10 и 18 метри.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1