ГОЛЕМА ГРЕШКА: Не му дале фискална сметка на премиерот!


Пред неколку дена во еден познат рибен ресторан каде што јадел Премиерот келнерите направиле страшна грешка. Откако јадел с ја побарал сметката да ја плати, келнерите наместо да му донесат фискална сметка на премиерот му донеле ,,предсметка,, која не се внесува во системот и на која не се плаќа ДДВ.

vucic-smetkaПремиерот Александар Вучиќ бурно реагирал кај вработените во белградскиот ресторан и сериозно им се заканил дека за вакви пропусти може да им биде затворен локалот, пишува српски Курир

Со ваков вид сметки, многу ресторани и деловни објекти го одбегнувале плаќањето на ДДВ. Кога го забележал тоа, српскиот премиер реагирал бурно и предупредил дека за вакви пропусти следува затворање на ресторанот, пишуваат српските медиуми.

„Нашиот најголем проблем. Јас не можам никому, па ниту на членовите на сопственото семејство да им објаснам дека треба да бараат фискална сметка. И дека кога некој не ви ја издава, тоа значи дека краде од вас, од вашите училишта, од вашето дете“, рече Вучиќ во јуни.

Нејасно е како и покрај ваквите изјави, вработените во ресторанот се осмелиле токму пред очите на премиерот да ја оштетат државната каса.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1