Во Скопје отворена трета катна гаража – паркирање 30 денари од час


Пуштена во употреба катната гаража „Разловечко востание“ во Скопје, која обезбедува нови 500 паркинг места во најпрометниот дел од главниот град. Ова е трета по ред катна гаража која се пушта во центарот на Скопје.

katna-garaza-1728x800_cВкупната површина на објектот е 23.000 метри квадратни, од кои 20.000 метри квадратни се наменети за паркинг простор распоредени на девет надземни и едно подземно ниво со што ќе се обезбедат вкупно 516 паркинг места. Просторот од 3.000 метри квадратни е наменет за деловен простор.

Катната гаража „Разловечко востание“ располага со четири лифтови кои ќе бидат пуштени во употреба за паркинг просторот и два лифта коишто се наменети за деловниот простор.

Ќе има две шалтерски наплатни места, но исто така граѓаните добиената услуга ќе можат да ја платат и преку поставените два паркомат. Од аспект на сигурност оваа катна гаража ќе биде 24 часа под целосен видео надзор покриен со вкупно 48 камери.

Во склоп на самата катна гаража ќе има и посебен простор наречен чекална којшто ќе можат граѓаните коишто ќе сакаат да ги сочекаат возилата да не мора да се качуваат горе во самата катна гаража туку во самата чекална да ги почекаат и да нормално потоа се упатат во саканиот правец.

Сите овие услуги граѓаните ќе можат да ги добијат за 30 денари за паркирање од еден час.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1