Чудо на гробот на закланото дете: Болните оздравуваат, а неротките добиваат деца! (ФОТО)


Десетици брачни парови од околните села благодарение на манастирската светиња, гробот на свети Николина, добиле наследници. Младите брачни парови без деца треба да ја ислушаат вечерната молитва и да преспијат покрај гробот на светителката, раскажува Жика од село Курјаче, за српски Телеграф.

Манастирот Нимник, во селото Курјаче, е место каде што годишно доаѓаат илјадници луѓе за да се излечат и место каде што доаѓаат многу жени кои што немаат деца да се помолат за да добијат рожба. Манастирот се наоѓа помеѓу Пожаревац и Големо Градиште.

Фото - Телеграф.рс

Фото – Телеграф.рс

Овој манастир датира уште од 1389 година, односно од косовската битка.

Историјата на овa место започнува тажно, за девојката која заради својата храброст и православна вера била заклана.

Девојката се викала Николина и имала само 12 години кога дошле Турците и и се заканиле да им го покаже патот до манастирот во шумата. Девојката на влашки им одговорила (nišću nimnik) дека не знае ништо. Ниту една закана не им помогнала ан Турците, за неа посилно било ветувањето дадено на нејзината мајка, дека нема да го каже манастирот скриен во шумата. Турците го заклале девојчето, а манастирот по нејзиниот одговор го доби името Нимник.

Фото - Телеграф.рс

Фото – Телеграф.рс

Според една друга приказна, девојчето го пресретнале ајдуци. Девојката меѓу нив го препознала кумот, а по негова наредба таа била и убиена. Роднините вечерта тргнале да ја бараат девојката во шумата, од далеку виделе светлина, а кога се приближiле виделе дека тоа е пламен од нејзиното тело.

Ја качиле на кола, но воловите сакаа оделе само накај манастирот. Девојчето било погребано кај манастирот, кој според името на Николина го доби името Нимник.

Од тогаш на гробот на девојчето се случуваат чуда. Подоцна кумот на девојчето, кој ги предводел ајдуците, откако се покајал во кругот на манастирот изгради капела, а нејзините посмртни останки беа префрлени таму.

Во дворот на манастирот има две капели. Едната се вика Светителка и таа капела е направена на гробот на жртвуваната девојка, а другата е посветена на Пресвета Богородица. Овие две места за секој празник ги посетуваат голем број на луѓе кои што бараат лек за себе.

Десетици парови од околните села благодарение на манастирската светиња, односно гробот на свети Николина, добиле наследници. Младите брачни парови без деца треба да ја ислушаат вечерната молитва и да преспијат покрај гробот на светителката, раскажува Жика од селото Курјаче.

Фото - Телеграф.рс

Фото – Телеграф.рс

Имено, на посетителите на сон му се јавува девојката и ги повикува на местото каде ќе се излечат од својата болка и мака. Исто така во околината на манастирот се наоѓа извор кој е наречен извор на Николина, како што раскажуваат мештаните од околните села таа е света вода и има лековита моќ.

Пред некој ден манастирот го посетила една докторка од Ниш. Таа плачела и раскажувала за сонот, „како одела по улица и гледала луѓе како чекаат во ред. Пошла ги прашала што чекаат, а тие и одговориле дека чекаат ред да се запишат за на пат за манастирот Нимник“. Жената се разбудила наредниот ден, а после тоа брзо и се јавила мајка и да и каже дека и се влошила здравствената состојба на нејзиниот татко и дека мора да оди на операција. Таа уште истиот ден се спакувала и од Ниш се упатила накај манастирот. Таму се молела за здравјето на својот тако, раскажува една монахиња.

Според историските податоци овој манастир е изграден за време на кнез Лазар.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1