Чудо од торта: Евтина е, не се пече и е готова за 20 минути


БЕЛА ТОРТА – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ :

1 л. млеко
4 пудинзи од ванила
300 гр. шеќер
250 гр. путер
200 гр. мелени бисквити
200 гр. кокос
200 грама мелени ореви
шлаг за украсbela-t1

ПОДГОТОВКА:

Ставете четири пудинзи од ванила во 1 литар млеко и згответе ја смедата. Пудингот оладете го и во него додајте путер кој пред тоа е измиксан со шеќер.

Смесата поделете ја на три дела, така што во еден ќе додадете кокос, во друг мелени ореви, а во третиот мелени бисквити. Додајте онолку состојки колку што ви се потребни за пудингот да биде доволно цврст.

Потоа во калап за торта ставете ја прво смесата со бисквити, по неа смесата со кокос, а на крај смесата со ореви. Тортата по желба украсете ја со шлаг. Потоа оставете ја тортата во фрижидер неколку минути да се стврдне.

Бркајработа.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1