Терорист планирал да предизвика ерупција на супервулкан


Триесетгодишниот Шихеб Есегајр од Тунис на кого во Канада му се суди поради тоа што планирал да крене во воздух патнички воз, изјавил дека имал намера да предизвика природна непогода од катастрофални размери во американскиот национален парк Јелоустон.vulkan4

Тој на судот рекол дека ерупција на супервулканот кој лежи под националниот парк би предизвикала смрт и деструкција од невидени размери.

На судот исто така можело да се слушне дека тој и неговиот соучесник Ареј Џејза имале два алтернативни терористички планови, да ги отрујат војниците и да ги убијат светските лидери со санјперски напад.

Инаку според најновите истражувања ерупција на супер вулканот кој се наоѓа во утробата на националниот парк би предизвикала катастрофа од невидени размери, бидејќи тој е во состојба да исфрли повеќе од 250 квадратни километри магма и да милијарди тони пепел. Иако супервулканот не еруптирал веќе 70 илјади години,  тој се уште е активен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1