Помошник на Путин организирал снајперски убиства


Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска дека, Владислав Сурков, еден од помошниците на рускиот шеф на државата Владимир Путин, раководел со организирање „група странски снајперисти“.

Тие убивале демонстранти на плоштадот Мајдан во Киев пред три години.500putin-poroshenko

Тој објасни дека информацијата ја добил пред неколку дена од шефот на украинската државна безбедност.

Порошенко тоа го изјави на годишнината од демонстрациите на киевскиот плоштад, за време на средба со роднини на стотина луѓе кои за три дена беа убиени од снајперски оган додека протестираа против тогашниот украински претседател Виктор Јанукович.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1