Огромен пожар во највисоката зграда во Дубаи – драма при евакуација на станарите (Видео)


Стотици луѓе биле евакуирани од највисоката зграда во Дубаи „Торч“ (The Torch) , откако во два часот по полноќ по локално време избил пожар.

Огнот бил ставен под контрола, а немало повредени лица. На жителите во околните облакодери им било дозволено да се вратат во своите домови, додека лицата од повисоките катови на „Торч“ ќе чекаат неколку денови.fire-dubai500

Пожарот избил на 50. кат, а се уште не е позната причината за огнот. Пламените поради силниот ветер се прошириле десетина катови.

Во гаснењето на огнот учествувале десетина пожарникарски возила.Пожарникарите успеале да го изгасат пожарот неколку часа од огласувањето на алармот околу полноќ по средноевропско време.

Очевидци велат дека огнот избил од двете страни на зградата, а стаклото и металот паѓале од врвот на структурата повеќе од 330 метри. Стотици луѓе се евакуирани, но за среќа нема повредени.

Ова е билансот од пожарот која избувнал и ја зафати највисоката згради на светот „Torch“ во Дубаи- облакодер висок 79 ката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1