На вистинско место и во вистинско време се појавил екипажот на еден брод, во близина на мексиканскиот брег и го спасиле несреќниот рибар.
Капетанот на бродот, Роберто Одис Васекз изјавил дека го нашле Мексиканецот како лебди на една кутија, гладен, жеден и замрзнат.
“Во едната рака имал остатоци од галеб. Кутриот човек, бил толку гладен што не сакал ниту да ги пушти остатоците од тој галеб дури ни откако го најдовме”, изјавил капетанот.
Родриген бил итно префрлен во болница поради губиток на течности и тешки опекотини од сонце. Тој изјавил дека неговиот пријател Моралес (69) загинал во несреќата. Телото на неговиот пријател го нашле локалните рибари.